Растел во поправни домови, внукот ја убил сестра му - Потресни факти за животот на Џеј Рамадановски
По враќањето од војска, повторно се вратил на улица, каде џепарел и продавал облека. Повремено пеел во „Клубот на народњаци“, каде се запознал и со Тома Здравковиќ.
Во овој период ја запознал и сопругата Нада со која добил две ќерки: Ана и Марија. Нада била сестра на еден од неговите најдобри другари, којшто се противел на нивната врска.
Џеј и Нада долго време се гледале тајно, а кога Нада останала бремена, нејзиното семејство одлучило да попушти, по што се венчале.
Неговата судбина ќе се промени во целост во 1987-ма година кога ќе тропне на вратата на Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ Фута, за да им продаде бунда со сомнително потекло.
Таа година на фестивалот MESAM Џеј ја испеал песната „Зар ја да ти бришем сузе“ и ја земал третата награда од публиката.
Интересно е тоа што Весна Змијанац сакала да ја испее оваа песна, но Марина одлучила сепак да му ја довери на Џеј, со што започнува неговата богата музичка кариера.
Во 2003-та година пејачот ќе биде потресен од голема семејна трагедија кога во Црна Гора исчезнала неговата сестра Шехерезада. Телото било најдено дури една година подоцна, а се дознало дека нарачател на убиството бил неговиот внук од најстарата сестра.
Џеј ја идентификувал својата сестра кога ја пронашле и тоа по златното синџирче што секогаш го носела на ногата.
Слично како Тома Здравковиќ и Џеј речиси целиот свој живот го поминал во кафеаните во Белград, каде се коцкал и пиел, заради што во 2007-ма година и официјално се разведе од сопругата Нада.
Во една пригода Џеј рече дека имало голем број жени во неговиот живот, но дека негова најголема љубов била сопругата Нада.
Во 2017-та година на Џеј итно му беше направена операција на срцето, поради лошата здравствена состојба, предизвикана од нездравиот начин на живот. По ова брзо закрепна и почна да пее, но по само 3 години почина откако повторно имаше компликации со срцето.
Б. С. Б. | Црнобело