Во ромското село Драгиње во Србија парите не се проблем - сите имаат: Луксузните куќи го одземаат здивот

Куќи со по 30 соби, фасади што светкаат на сонце, дворови украсени со гипсени лавови и коњи, Луј Витон завеси и Версаче плочки. Најбогатото ромско село во Србија - Драгиње, крие неверојатни приказни за луѓе кои го вложиле целото свое богатство во величествените домови.

vo-romskoto-selo-draginje-vo-srbija-parite-ne-se-problem-site-imaat-_luksuznite-kukji-go-odzemaat-zdivot-01.jpg

За местото Драгиње кое се наоѓа блиску до Шабац, со години кружат приказни дека е најбогатото ромско село во кое куќите изгледаат како замоци. 

Кога ќе влезете во селото имате впечаток дека сте во друга земја, а раскошни палати има на секој чекор.

Но, зад сите тие величествени ѕидови се кријат разни човечки судбини.

„Пред 60 години ова село немаше ниту асфалт ниту улично осветлување. Но, луѓето се снаоѓаа, работеа со добиток, а потоа заминаа во странство.

Ние сме луѓе кои на сите страни баравме да ни биде подобро. Овде не можевме да заработиме толку колку таму.

Речиси сите заминаа во Виена и имаат по четири работни места. Овде најчесто доаѓаат на лето“, изјави Милан, еден од жителите на селото, за српската Хепи телевизија.

vo-romskoto-selo-draginje-vo-srbija-parite-ne-se-problem-site-imaat-_luksuznite-kukji-go-odzemaat-zdivot-02.jpg

Преку зима селото е напуштено, а жителите се враќаат овде во летниот период и тоа само на неколку седмици.

По неколку месеци седат само пензионерите.

Иако сите се труделе да имаат што е можно поголема и поубава куќа, сепак многу ретко доаѓаат овде.

Скоро секоја од куќите барем по еднаш била ограбена, иако обезбедени се со камери и аларми.

vo-romskoto-selo-draginje-vo-srbija-parite-ne-se-problem-site-imaat-_luksuznite-kukji-go-odzemaat-zdivot-03.jpg

Повеќето куќи во Драгиње се изградени од бел камен, а најпопуларен е оној со светки кој свети на сонце.

Првата ваква куќа со украси и гипсени лавови ја изградил координаторот на Ромите во селото, а после него почнале сите.

На фасадите има гипсени украси во вид на лавови, коњи, лебеди и соколи, што го прават селото препознатливо. 

vo-romskoto-selo-draginje-vo-srbija-parite-ne-se-problem-site-imaat-_luksuznite-kukji-go-odzemaat-zdivot-04.jpg

Сепак, мештаните велат дека ваквата естетика полека излегува од мода. 

Повеќето ги симнуваат украсите и наместо тоа купуваат Луј Витон завеси и Версаче плочки и кујнски елементи, брендирани софи, огледала и гардеробери.

vo-romskoto-selo-draginje-vo-srbija-parite-ne-se-problem-site-imaat-_luksuznite-kukji-go-odzemaat-zdivot-06.jpg

Ниту една куќа нема помалку од 200 квадрати, а кој има повеќе пари има повеќе катови. 

Додека биле сиромашни имале желба да изградат големи куќи, но младите повеќе не сакаат да се вратат овде и куќите сѐ помалку вредат.

vo-romskoto-selo-draginje-vo-srbija-parite-ne-se-problem-site-imaat-_luksuznite-kukji-go-odzemaat-zdivot-05.jpg

Мештаните на Драгиње се вредни и во странство и дома, па борбата за што е можно поубава куќа продолжува.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Муки е пилот од Босна и Херцеговина – вози јахти, јава коњи, свршеник ѝ е на Тања Савиќ (фото) Тој ја обожава својата работа и на Инстаграм споделува како е „небото да ти е ка...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Вељко и Богдана добија трет син - ако имаат четврто, ќе им биде последно „Слава му на Бога. Ми се роди третиот син, Исаија“, напиша синот на Цеца на Инст...
Милје, машина за шиење: Kуќата на една бабичка (83) од Србија ќе ви врати спомени „Мојата баба е жена која има 83 години и иако не се школувала доволно, таа е инт...
„Едвај ја влечев“ – Исповед на мајката херој Лејла, која пливала 3km за да ја спаси ќерката од попла... „Почувствувавме кога куќата почна да се ниша, еднаш, двапати, а на третиот удар ...
Јавно признал дека е бисексуалец, трпел врсничко насилство - факти за хрватскиот инфлуенсер Марко Ку... Со свои раце започнал со изградба на неговата куќа. Млад останал без мајка и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg