Татко му починал во затвор, сакаше да се замонаши – Што знаеме за српскиот пејач Милан Станковиќ?

Како дете бил жртва на булинг, беше во врска со пејачката Рада Манојловиќ, а имал мошне тешко детство откако нeговите родители се развеле кога имал само 1 годна – Што знаеме за српскиот пејач Милан Становиќ?

tatko-mu-pochinal-vo-zatvor-gi-negira-tvrdenjata-deka-e-homoseksualec-shto-znaeme-za-milan-stankovikj-srpskiot-pop-pejach-01.jpg

Српскиот пејач Милан Станковиќ (36) во екот на популарноста одлучи да се повлече од јавниот живот, но честопати во српските медиуми осамнуваат написи за него, заради честите посети на манастири, а последно ги загрижи и своите фанови со тоа што на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека во раката држи едно купче лекови.

„Сите мои суплементи“ – напиша тој на фотката.

tatko-mu-pochinal-vo-zatvor-gi-negira-tvrdenjata-deka-e-homoseksualec-shto-znaeme-za-milan-stankovikj-srpskiot-pop-pejach-02.jpg

Оваа негова објава предизвика загриженост кај фановите кои се прашуваат дали е во ред одеднаш да се пијат по 10-тина апчиња.

Тој пред извесен период беше забележан и како лудо се забавува на рејв журка во Белград, откако во медиумите долго време се пишуваше дека планира да се замонаши.

На тоа, неговата поранешна девојка Рада Манојловиќ даде изјава во која не ја криеше сопствената изненаденост од однесувањето на пејачот:

„Молам? Боже господе... Не ни слушнав дека бил на настап, нема контрола веќе. Два дена не се слушнавме и еве што направил.

Јас го влечам да се врати од духовниот живот во цивилизацијата и со луѓето. Тој баш ја претерал – или ќе се замонаши, или ќе оди на забава, не може тоа така“.

tatko-mu-pochinal-vo-zatvor-gi-negira-tvrdenjata-deka-e-homoseksualec-shto-znaeme-za-milan-stankovikj-srpskiot-pop-pejach-03.jpg

Во продолжение неколку интересни факти, што сигурно не сте ги знаеле за познатиот српски пејач:

Милан Станковиќ е роден во 1987-ма година. Неговите родители се развеле кога тој имал само една година, а татко му починал во затвор, кога пејачот бил 5-годишно момче, под неразјаснети околности.

По некое време, неговата мајка се премажила и Милан ја добил полусестрата Настасија со која е во одлични односи. Во повеќе наврати пејачот рекол дека сестра му и мајка му му се најголема поддршка во животот.

tatko-mu-pochinal-vo-zatvor-gi-negira-tvrdenjata-deka-e-homoseksualec-shto-znaeme-za-milan-stankovikj-srpskiot-pop-pejach-04.jpg

Образованието го завршил во Обреновац, а со оглед на тоа што бил различен од другите, Милан во детството бил жртва на врсничко насилство. Тој секојдневно бил жртва на навреди, но и на физичко насилство.

Во тој период, кога бил 7-мо или 8-мо одделение пејачот почнал да се повлекува во себе и сонувал дека еден ден ќе биде познат актер или пејач, а само неколку години подоцна овој сон ќе му се оствари.

Завршил средно медицинско училиште, сакал да се запише на Академија за драмски уметности, но заради тешката финансиска ситуација во семејството морал веднаш да се вработи.

tatko-mu-pochinal-vo-zatvor-gi-negira-tvrdenjata-deka-e-homoseksualec-shto-znaeme-za-milan-stankovikj-srpskiot-pop-pejach-05.jpg

Вниманието ќе го привлече во 2007-ма година кога ќе се појави во емисијата „Ѕвездите на Гранд“, и тоа не само заради талентот за пеење, туку и заради необичниот стајлинг, па публиката почнала веднаш да го нарекува „русокос прамен“.

tatko-mu-pochinal-vo-zatvor-gi-negira-tvrdenjata-deka-e-homoseksualec-shto-znaeme-za-milan-stankovikj-srpskiot-pop-pejach-07.jpg

Заради стајлингот, од самиот почеток на кариерата тој се соочувал со голем број предрасуди, а најмногу заради русата коса со долги шишки и спуштените пантолони. А честопати јавно го прашуваа дали е хомосексуалец, што тој го негираше.

tatko-mu-pochinal-vo-zatvor-gi-negira-tvrdenjata-deka-e-homoseksualec-shto-znaeme-za-milan-stankovikj-srpskiot-pop-pejach-11.jpg

На самиот почеток на својата кариера, Милан тврдеше дека тогашниот најпознат јужнокорејски пејач, G-Dragon, го ископирал неговиот имиџ, по што Милан беше поканет и на еден музички натпревар како гостин по повод денот на Кореја.

tatko-mu-pochinal-vo-zatvor-gi-negira-tvrdenjata-deka-e-homoseksualec-shto-znaeme-za-milan-stankovikj-srpskiot-pop-pejach-06.jpgКорејскиот пејач G-Dragon

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg