Извајани мускули и неодолив изглед – Кој е Луциано Плазибат, хрватскиот танчар по кого лудуваат жените?
- Детали
- недела, 15 октомври 2023
Брат му е најпознатиот хрватски кик-боксер. Танцуваше на Евросонг и во спотови на познати балкански пејачи. Кој е Луциано Плазибат – хрватскиот танчар со над 300.000 следбеници на ТикТок?
Луциано Плазибат е хрватски танчар кој на Инстаграм има над 74.000 следбеници, а на ТикТок над 300.000. Во Хрватска е актуелен како учесник во шоуто „Танц со ѕвездите“, а своевремено учествувал и во реалното шоу „Големиот брат“.
Луциано во 2021-ва година се појави и на евровизиската сцена во Ротердам, каде танцуваше заедно со Албина, на нејзиниот хит Tick-Tock.
Тој исто така играше и во спотот на Дино Мерлин од 2020-та година „Ми“, а најголемо внимание кај балканската публика привлече откако се појави во спотот на Милица Павловиќ, „Проверено“.
Освен што е популарен како танчар, тој е мошне влијателен на социјалните мрежи. Во една пригода Луциано откри декa сѐ започнало сосема случајно, по еден телефонски повик на неговиот агент.
„Се сеќавам дека еден ден ми се јави и ме праша: ‘Луци, дали имаш ТикТок?’ Одговорив дека не знам што е тоа, а тој ми рече дека би можело да биде добро за мене.
Еден подоцна почнав да се снимам на шега, за два дена собрав 1.000 следбеници. Така започна сѐ“ – раскажува Луциано.
Освен што се занимава со танц и со социјални мрежи, Луциано во минатото тренирал боречки вештини, па во една пригода откри дека сосема случајно си ги замениле улогите со брат му, Антонио Плазибат, кој во моментов е најпознат хрватски кик-боксер.
„Смешната приказна е дека јас претходно се занимавав со боречки вештини, а тој со танц, но потоа се сменивме, и, ете, излезе дека сме направиле правилна одлука“ – изјави Луциано.