Се прослави со песната „Малена“, важеше за заводник, а се ожени по само 3 месеци врска – Каде е денес Санди Ценов?
- Детали
- недела, 15 октомври 2023
Слабост му беа манекенки, го поврзуваа со многу хрватски пејачки, а за српската водителка Ана Михајловски рече дека била фатална за него. Но, кога ја запозна сопругата се смири и сега живее едноставен живот. Се сеќавате ли на Санди Цанов, миленикот на жените кој се прослави со песната „Малена“?
Хрватскиот пејач Сандoкан „Санди“ Ценов (55) беше познат уште во 1990-тите години, но стана вистинска ѕвезда и миленик на жените откако го испеа хитот „Малена“.
Со својот бурен љубовен живот често ги полнеше таблоидите. Слабост му беа манекенки, поради што и го доби прекарот „отров за манекенки“.
На неговиот шарм не одолеаја ни многу хрватски пејачки.
Но, не остана имуна ни познатата српска водителка Ана Михајловски.
Тие беа во врска на почетокот на 2000-тите, а во една пригода Цанов призна дека врската била страстна и бурна, а дека Ана за него била фатална.
Денес тој живее мирен семеен живот со сопругата Илина.
Ја запознал кон крајот на 2004 година и по само 3 месеци, во февруари 2005 година се венчале на Бали.
Оттогаш се заедно и имаат две деца, ќерката Зара и синот Ловро.
И иако ретко се појавуваат заедно на настани, Санди и Илина важат за еден од најскладните хрватски парови.
Пејачот ретко споделува семејни фотки на социјалните мрежи, но на повеќето заеднички фотографии со сопругата ѝ изразува љубов.
На врвот на својата популарност, музичарот речиси целосно се повлече од јавниот живот, за подоцна да се врати на музиката.
Досега има снимено 11 албуми.
Уште во основно училиште почнал да свири на гитара и на тапани, а бил во средно кога ги компонирал првите песни.
Кариерата ја почна во 1980-тите, кога стана член на бендот „Беџ“.