Сезоната во Грција трае и во октомври - Температурата на морето е околу 25 степени, туристите се капат и сончаат како среде лето (видео)
- Детали
- понеделник, 09 октомври 2023
Деновиве туристите од регионот објавуваат фотки и видеа на неколку групи на Фејсбук и споделуваат свои искуства за тоа како изгледа нивното „летување во октомври 2023“.
Топлото време ја продолжи „летната сезона“ во Грција, а на Халкидики и понатаму има туристи кои се сончаат и пливаат во морето.
Фото: Фејсбук Live From Greece
Тие велат дека иако утрата и вечерите се постудени, водата и понатаму е топла и пријатна за бањање, но времето е идеално и за излежување на плажа.
Видео снимено во Катерини:
Ресорт Медитеран Паралија Катерини 08 10 2023 г. 30 минута пливање.
Posted by Laste Mladenovski on Sunday, October 8, 2023
Деновиве, туристите од регионот објавуваат фотки и видеа на неколку групи на Фејсбук и споделуваат свои искуства за тоа како изгледа нивното „летување во октомври“.
„Времето е топло, а овој октомври температурата на морето е 25-26 степени. Вака е и на Касандра и на Ситонија – топло е, сончево, повремено има облаци, но нема дожд.
Температурата на воздухот, пак, последниве денови е помеѓу 22 и 28 степени“, пишува на една објава во групата „Грчка инфо“.
Видео снимено во Калитеа:
08.10.Kallithea Halkidiki
-->Posted by Lidija Bundalo Mihailovic on Sunday, October 8, 2023
Освен на трите краци на Халкидики, туристи има и во Неа Каликратија, Аспровалта, Лептокарија, но и на островите – Лефкада, Тасос, Закинтос, каде што сезоната и понатаму трае.
Видео снимено во Паралија:
Neobično i predivno mesto za mini koncert! Gde se može bolje pevati nego u divnom moru u zemlji pesme i kulture! Snimljeno juče, 8.10. 2023. u Paraliji. Video nam je poslao član Sasa Stankovic
Posted by Nikana.gr on Monday, October 9, 2023
А. Ј. | Црнобело