И Данијела Димитровска сведочи за лошото искуство со учителот кој е обвинет за силување на Милена Радуловиќ
- Детали
- четврток, 21 септември 2023
„Се сеќавам дека излегов, татко ми ме чекаше пред школото и му реков дека мене ова не ми се допаѓа“ – поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ, Данијела Димитровска раскажува какво било нејзиното искуство во школото каде работел учителот Мирослав Мика Алексиќ, кој е обвинет за сексуално вознемирување на 7 девојки, меѓу кои и актерката Милена Радуловиќ.
Во Србија деновиве е актуелно судењето против учителот по глума Мирослав Мика Алексиќ, во рамки на кое сведочеше актерката Милена Радуловиќ, која детално опиша што сѐ ѝ се случувало додека била 17-годишна ученичка во училиштето каде што предавал тој.
Голем број актери и јавни личности од Србија излегоа јавно за да ѝ дадат поддршка на актерката.
Сега, и поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ и модел, Данијела Димитровска јавно раскажа какво ѝ било искуството кога како 17-годишно девојче била на кастинг во истото училиште.
Таа од неодамна е водителка на емисијата „Jutro na Blic“, а додека ја водеше емисијата, ја искористи пригодата за да раскаже какво било нејзиното искуство кога имала можност да работи во школата на учителот, кого седум девојки го обвинија за силување и сексуално вознемирување.
„Јас морам само да кажам дека имав можност да одам на еден кастинг во споменатата школа кога имав 17 години, не инсинуирам дека се случи нешто слично на ова (што ѝ се случи на Милена), но пристапот беше многу непријатен“ – раскажа таа.
Таа вели дека по завршувањето на кастингот, веднаш побегнала од школата и никогаш повеќе не сакала да се врати таму.
„Се сеќавам дека излегов, татко ми ме чекаше пред школото и му реков дека мене ова не ми се допаѓа. Не ми се допаѓа како луѓето комуницираат со нас на кастингот и дека не сакам веќе никогаш да се вратам таму.
Затоа би им порачала на сите девојчиња, момчиња, жени и мажи да ја следат својата интуиција“ – рече таа и порача дека Милена според неа е хероина на 21-иот век.
Б. С. Б. | Црнобело