Потресна исповед на српска пејачка: „Имав рана која се инфицираше со стрептокока и добив сепса, сакаа да ми ја отсечат ногата“
- Детали
- среда, 20 септември 2023
„Имав мала рана на ногата, која за краток период се инфицираше и добив сепса“ – појаснува пејачката Маја Беровиќ во гостување во српска емисија. Таа ја раскажува својата приказна со цел да ги предупреди сите дека треба да внимаваат на своето здравје и да не ги занемаруваат и најситните здравствени проблеми.
Српската пејачка Маја Беровиќ гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, „Амиџи шоу“ каде ја отвори душата и искрено зборуваше за тешките здравствени проблеми со коишто се соочила во изминатиот период, а кои настанале од една „банална“ работа.
Маја подолго време отсуствуваше од сцената, а во емисијата појасни дека лекарите 20 дена се бореле за нејзиниот живот.
„Никогаш не сум била личност што претерано ја изнесува приватноста во јавност. Моите обожаватели помислија дека сум се изморила од музиката.
Јас имав сериозен проблем и мислев дека можеби ќе морам да се откажам од музиката затоа што тоа од безопасна работа се претвори во ноќна мора“ – раскажува Маја.
Маја појасни дека имала мала рана на ногата која за краток период се инфицирала, по што добила сепса и лекарите буквално се бореле да ѝ ја спасат и ногата и нејзиниот живот.
„Тоа беше бактерија стрептокока која ми направи хаос во ногата“ – додаде таа.
Таа појаснува дека анемијата по бременоста придонела нејзиниот организам тешко да се справи со бактеријата, што само дополнително ги отежнало работите.
„На крајот завршив со 5 операции во рок од 20 дена. Успеаја да ми ја спасат ногата.
Ви ја раскажувам оваа приказна затоа што најчесто ние ги занемаруваме ситниците, а тоа не треба да се прави. Од мала работа може да направиме сериозен проблем“ – изјави таа.
Маја вели дека сега има лузна од 27cm на ногата, но сепак е среќна што на крај не ја загубила ногата.
Инаку, српската пејачка минатата година во февруари го роди синот Лав. Таа се породи во приватна клиника во Австрија, каде имаше свој личен фризер, педикир и соба за медитација, а за услугите за породувањето плати 7.000 евра.
Погледнете уште неколку фотографии од Маја:
https://www.instagram.com/p/CvsINI_MBPy/?img_index=1
Б. С. Б. | Црнобело