Автомобили во морето, домови под вода – бурата Даниел не стивнува во Грција, поплави има и во Бугарија и Турција (фото+видео)
- Детали
- среда, 06 септември 2023
Врнежите од дожд, кои веќе се нарекуваат историски, уште предизвикуваат поплави во Грција, а во слична положба се и делови од Бугарија и Турција. Засега се потврдени најмалку пет жртви во трите земји, а неколку луѓе се водат за исчезнати. Морничави видеа како автомобили се „проголтани“ од морето...
Бурата „Даниел“ беснее во западна и централна Грција уште од понеделникот, предизвикувајќи страшни поплави.
Во градот Волос, кој е еден од најпогодените, има и една жртва.
На социјалните мрежи се споделуваат морничави видеа, а на едно се гледаат и автомобили во морето.
„Автомобил во морето во областа Пилион. Десетици туристи и локалци се заглавени во нивните куќи. Автомобилите се поплавени, а некои се во морето“, пишува на видеото.
Прочитајте и Македонка, омажена во Волос, за CRNOBELO: „Состојбата со поплавите во Грција е ужасна, кај мене пред куќа тече река по улицата“
Но, не е само Грција, поплави има и во Бугарија и Турција предизвикани од истата бура.
Storm #Daniel as seen from satellite, with rain detected by radar shown in blue-pink-yellow.
Non-stop rain from the slow-moving system has caused massive flooding over central #Greece, #Bulgaria and #Istanbul. pic.twitter.com/ABHCNVYEos-->— Zoom Earth (@zoom_earth) September 5, 2023
Според досегашните инофрмации, јужниот брег на Црното Море во Бугарија е најпогоден. Засега има две жртви, двајца се водат за исчезнати, а над 130 луѓе биле евакуирани.
https://twitter.com/AiNewsRep/status/1699101580446847250
#BREAKING #Bulgaria Massive floods in Bulgaria. A state of emergency has been declared in Tsarevo. Local population and tourists are being evacuated. pic.twitter.com/Vf3joVsnMf
— The National Independent (@NationalIndNews) September 5, 2023
Истанбул е еден од најпогодените градови во Турција каде што улиците, но и домовите на некои луѓе се поплавени.
И во Турција има две жртви, додека четворица се водат за исчезнати.
⚡🇹🇷 #Istanbul - 1500 thunder strikes in 2 hours...#Turkey #WeatherAlert pic.twitter.com/mG7wa3NNU5
— Umaır Şhahzad 🇵🇰🇸🇦 (@ImUmairShahzad) September 6, 2023
Fierce flash floods unleash chaos in #Samsun as torrential rains lash #Turkiye#flooding #Turkey #extreme #weather #climate #viral #flashfloods #rains #Floods pic.twitter.com/aoEKlFRr8N
— Earth42morrow (@Earth42morrow) September 6, 2023
⚡🇹🇷 #Turkey - Last night fierce rainstorms have battered #Istanbul, triggering flooding.#Flooding #StormDaniel pic.twitter.com/sQPuZy7uZh
— X News Monitor (@xNewsMonitor) September 6, 2023