Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сите негови скандали

„Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба Корели. Ова не е нормално. Ова е насилство, тој е насилник. Покажете им го ова на своите ќерки и објаснете им дека по ова доаѓа нешто уште полошо“, пишуваат на Твитер, откако беше објавено видео како босанскиот рапер среде улица ја малтрерира својата девојка.

raperot-buba-koreli-ja-vleche-devojkata-za-kosa-na-ulica-se-vozdrzhuva-da-ne-ja-udri-shto-bara-so-kriminalec-i-nasilnik-komentiraat-na-tviter-video-01.jpg

Босанскиот рапер Амар Хоџиќ, познат како Буба Корели, повторно се најде среде скандал. На порталите во регионот е објавено видео на кое се гледа како тој физички ја малтретира својата долгогодишна девојка, Петра Цупан.

На почетокот на видеото тој ја влече за коса, па продолжува да вика по неа среде улица.

Додека таа пробува да се одбрани од него, тој ги става рацете зад грб и се воздржува да не ја удри.

Додека продолжуваат да одат, на неа ѝ паѓа јакната, па таа се наведнува да ја земе. Пред крајот на видеото се гледа како раперот ѝ се внесува в лице, па тие продолжуваат да одат, пишува „pink.rs“ кој го објави вознемирувачкото видео.

Порталот пишува и дека полицијата неколкупати реагирала во нивниот дом поради вресоци, викање и кршење во нивниот дом.

Однесувањето на раперот предизвика многу негативни реакции и на социјалните мрежи.

„Таман човек ќе помисли дека Буба Корели не може да е помизерен, ќе се појави ваква вест. Тој покажува дека дното не е негова граница. Секоја чест“, пишува еден корисник на Твитер.

„Амар Хоџиќ, наркодилер и осуден криминалец е снимен како ја злоставува девојката. Првото прашање за неа е: Што бараш со тип кој со години во градот е познат како насилник? Што е со мозокот на оваа драга жена? Буба Корели не е некој од кого можеш да очекуваш нешто нормално“, вели друг.

„Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на неговите настапи. Ова не е нормално. Ова е насилство, тој е насилник. Покажете им го ова на своите ќерки и објаснете им дека по ова доаѓа нешто уште полошо“, пишуваат.

raperot-buba-koreli-ja-vleche-devojkata-za-kosa-na-ulica-se-vozdrzhuva-da-ne-ja-udri-shto-bara-so-kriminalec-i-nasilnik-komentiraat-na-tviter-video-04.jpg

Корели е познат по своето насилно однесување и бројните скандали.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вереницата и љубовницата на Буба Корели во Инстаграм војна – И двете се фалат со веренички прстени „Прстенот ќе поцрни, а тој нема да ја ожени“ – вереницата на Буба Корели е мета ...
Пејачки од регионот кои направија најскапи свадби – Цеца ја купиле за 100.000 марки, Пријовиќ во вен... За пренос на свадбата на Лепа Брена и Боба беше прекинат дневниот весник, а иста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg