Заради колегата раскинала со дечкото, гласини дека го одбила за брак – Факти за Афра Сарачолу, од турската серија „Женкар“

Низ турските медиуми додека беа во врска, честопати имаше написи дека меѓу парот има недоразбирања и дека актерот честопати знаел да избувне и да ѝ се развика на својата девојка.

zaradi-kolegata-raskinala-so-dechkoto-glasini-deka-go-odbila-za-brak-fakti-za-afra-saracholu-od-serijata-zhenkar-16.jpg

При крајот на 2022-ра година нејзиниот бивши дечко ги изненади следбениците откако објави фотографија од раката на Афра без прстен и на неа напиша: „Таа рече не!“

Дел од неговите следбеници оваа фотографија ја прокоментираа како обид на актерот да се пошегува, а други пак веруваат дека тој ја побарал девојката за жена, но таа го одбила.

zaradi-kolegata-raskinala-so-dechkoto-glasini-deka-go-odbila-za-brak-fakti-za-afra-saracholu-od-serijata-zhenkar-11.jpg

Набрзо по оваа фотка беше објавено дека Афра и Мерт раскинуваат, а се шпекулираше дека наводно на актерот не му се допаѓало тоа што неговата девојка е премногу блиска со својот колега од серијата „Женкар“, Мерт Рамазан Демир.

zaradi-kolegata-raskinala-so-dechkoto-glasini-deka-go-odbila-za-brak-fakti-za-afra-saracholu-od-serijata-zhenkar-07_copy_copy.jpg

Наводно, добар пријател на Мерт Јазиџолу се скарал со Мерт Рамазан Демир и Афра и им се заканил дека „сите ќе дознаат што тие двајца навистина прават“.

zaradi-kolegata-raskinala-so-dechkoto-glasini-deka-go-odbila-za-brak-fakti-za-afra-saracholu-od-serijata-zhenkar-06.jpg

Афра, Мерт Јазиџолу и Мерт Рамазан Демир биле мошне блиски пријатели. Во една пригода Афра била прашана што може да ја уништи љубовната врска, а таа одговорила:

„Многу е важно да ја почитуваш слободата на партнерот и неговото право на избор, без да го притискаш или да му се мешаш во одлуките. Без тоа не постои љубов“.

zaradi-kolegata-raskinala-so-dechkoto-glasini-deka-go-odbila-za-brak-fakti-za-afra-saracholu-od-serijata-zhenkar-13.jpg

По раскинувањето, Мерт Јазиџолу брзо започна нова врска со актерката Дилан Чичек Дениз, а Афра во одговор на Инстаграм постојано објавува фотографии со својот колега и другар, со кого беше заедно на одмор.

zaradi-kolegata-raskinala-so-dechkoto-glasini-deka-go-odbila-za-brak-fakti-za-afra-saracholu-od-serijata-zhenkar-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Го избркаа среде серија затоа што бил „тежок човек“, важи за еден од најзгодните Хрвати  – Како изгл... Имаше гласини дека бил избркан од серијата „Чиста љубав“ заради постојани несогл...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
„Едвај ја влечев“ – Исповед на мајката херој Лејла, која пливала 3km за да ја спаси ќерката од попла... „Почувствувавме кога куќата почна да се ниша, еднаш, двапати, а на третиот удар ...
Се прослави преку ноќ со серијата „Женкар“, негира дека е во врска со колешка: Факти за Мерт Рамазан... Го поврзуваат со колешката од серијата „Женкар“, но тој упорно ги негира гласини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg