Мартин Мојсоски, доктор по естетска медицина: „Бремените жени не треба да ставаат филери, мажите најчесто бараат корекции на брадата и носот“
Дали мажите во Македонија ставаат филери и колку нивните барања се разликуваат во однос на жените?
Во значително помал процент од жените, но секако да. Мажите најчесто доаѓаат за корекција на брада, нос, неретко усни како и ботокс.
Ви се случило ли да одбиете некоја пациентка што сакала да направи одредена корекција и зошто?
Да, неретко се случува, доколку сметам дека не можам да го изведам максимумот од третманот и да бидам, пред сè, јас задоволен од резултатот.
Тоа се случаи каде што има миграција на филер во усните, а пациентката бара да направам корекција со додавање на филер; во тој случај додавање на филер е додавање на проблемот.
Во други случаи сум одбил пациентки кои не биле на соодветна возраст за апликација, пациентки кај кои сметам дека нешто не може да се коригира и пациентки кај кои резултатот не би ги исполнил нивните очекувања.
Не прифаќам да работам по секоја цена, прво сакам јас да бидам задоволен од резултатите и тогаш знам дека клиентот ќе биде среќен.
Потребна ли е посебна нега на усните по апликација на филер?
Времето за рехабилитација е клучно за усните да бидат убави. После апликација секој пациент добива препораки за нега на усните, премачкување со соодветни препарати, блага нежна масажа (доколку е потребно), намалена физичка активност, избегнување на алкохол, топлина и сл.
Зошто некој треба да се одлучи за филери и/или ботокс?
Покрај љубовта и мирот, ботоксот и филерите се еликсирите на младоста кои со векови се бараат. Затегнување на тонусот на лицето, подобрување на квалитетот на кожата, враќање и додавање на волумен на одредени регии на лицето се клучни сегменти за подобрување на изгледот кај голем дел од пациентите.
Покрај усни, која е најчестата процедура која клиентите ја бараат?
Ботокс и апликација на филер на цело лице. Тие два третмани се моментално во експанзија и доста популарни. Мала корекција на јаболчници, нос, вилична коска и „две-три капки“ ботокс можат да направат чудо и да ја вратат самодовербата.
Кој е Мартин Мојсоски на приватен план?
Уметник, така секогаш се претставувам затоа што така се доживувувам себеси.
До пред некоја година сликав на хартија,а сега талентот и медицината успеав да ги спојам во едно и да останам уметник! Вљубеник во патувања, екстроверт кој од скоро стана татко и не сака, дури и одбива да излезе од дома.
Во овој период и момент на ова прашањето „кој е Мартин Мојсоски“ најискрен одговор од срце што би го дал би бил: најсреќниот човек кој го познавам и таткото на прекрасното бебе Матијан!
Дали имате поддршка од сопругата и како реагира на тоа што често работите со дами? Постои ли љубомора или не?
Денес немаше да го работам ова и немаше да бидам тоа што сум ако не беше мојата сопруга Анастасија и нејзината огромна несебична поддршка, почит и помош.
Ние сме тим и партнери во сè!
Нашиот однос и нашата врска се на едно прекрасно ниво каде што не постои место за негативни емоции,туку доверба, огромна љубов и разбирање!
Реченица за авторски статии: ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело