Боро Мирчески ослабе 40kg: „Имав здравствени проблеми, но кога почина мајка ми одлучив да го трансформирам животот“
Во процесот на слабеење побарав професионална помош од г-дин Ивица Јанев, нутриционист и фитнес тренер. Благодарение на неговата експертиза, денес не консумирам никакви лекови за покачен крвен притисок и покачено ниво на шеќер во крвта.
Неодамна започнав и интензивно практикување на физичка активност. Посетувам теретана пет пати во неделата, со цел намалување на стресот и понатамошно одржување на спектакуларно постигнатите резултати.
Ја споделувам оваа приказна со надеж дека што поголем број луѓе ќе сфатат дека доколку имаат соништа и конкретна цел во животот и притоа работат посветено кон нивно остварување, чуда се возможни.
Процесот на слабеење бара сериозна психичка подготвеност, одлучност и посветеност, сериозна дисциплина и поддршка од најблиските. Без ова, ниту еден човек што се соочува со проблеми со телесната тежина не би успеал во остварувањето на неговата цел.
За крај, би порачал само, немој да одложувате, не чекајте, секој изминат ден со повеќе килограми на вашиот „грб“ значат и можност за повеќе болести. Направете нешто за себе и тоа направете го веднаш.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело