Моника Грковска, шминкерка во МНТ: „Сум нашминкала 12 актери/ки за 40 минути, забавно е да се работи со шегобијци како Сашко Коцев и сите останати“

„Засега, рекордот изнесува 40 минути - 12 актери/актерки, со шишање на брада, обликување мустаќи, нанесување леќи... Знае да биде стресно кога се има малку време за промена, на малку време мислам кога имаме 20 секунди за да се преслече актерка, да се собере нејзината коса и да се стави периката, а тоа да изгледа средено“ - раскажува за CRNOBELO.com Моника Грковска, која работи како шминкерка во МНТ и раскажува анегдоти од зад сцена со Тања Кочовска, Сашко Коцев, Никола Ристановски и многу други... 

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-01.jpg

Моника Грковска (29) од Скопје работи како професионален шминкер во Македонски Народен Театар веќе 8 години.

Од мала имала талент за шминкање, а освен секојдневна шминка за настани, решила вештините да ги искористи за професионално шминкање на актерите во театар.

За CRNOBELO.com таа раскажува како изгледа оваа професија, колку е стресно кога треба да се нашминкаат и средат бради на голем број актери за кратко време, но и кога се прават мали промени среде претстава.

Моника открива какви се актерите зад сцена, додека се во шминкерна и се подготвуваат за својата улога, а вели дека е забавно да се работи со шегобијци како Сашко Коцев, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Александар Михајловски и многу други, а раскажува и една анегдота со Тања Кочовска.

Прочитајте го целосно интервјуто во продолжение...

Кога почна да работиш како шминкер во театар? Кој и како го препозна талентот?

Талентот за шминкање и стилизирање најпрво го препозна мојата баба, која често ми велеше дека сум „родена уметничка душа“, иако јас тогаш во тинејџерските години шминкањето го гледав и практикував само како хоби.

Не ја послушав и се запишав на медицина, но длабоко во себе не бев исполнета и немав визија гледајќи се себеси во бел мантил.

Подоцна, моето опкружување и моите другарки ми беа голем поттик и поддршка да започнам да се бавам професионално со шминкање.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-15.jpg

Од малечка покрај обичната секојдневна шминка, сакав да правам и трансформации, маски и да направам нешто необично од некој лик.

Па така, после извесен период универзумот имаше друг план за мене и еве ме цели 8 години во мојот втор дом - Театарот.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-13.jpg

Колку е голема разликата помеѓу обична шминка за настани и шминка на актери за претстава?

Разликата е голема затоа што театарската шминка пред сѐ треба да е квалитетна, покривна, истрајна и отпорна на сите тие рефлектори и сценски движења.

Најчесто таа треба да е добро матирана, да не дава отсјај (освен ако не треба наменски да свети или да делува дека актерот е „испотен“) и воедно да придонесе и во оформување на карактерот, односно ликот којшто се бара за одредена улога во претставата.

Покрај глумата на актерот, шминката, фризурата и костимот се огромен придонес за визуелниот изглед на еден карактер, додека пак обичната вечерна или дневна шминка служи за да се покрие некој недостаток и да се истакне природната убавина кај секоја жена или девојка.

Да не се претерува - да се нагласи она што ни го дала природата, а да се покријат таканаречените „несовршености“ е мојот совет, освен ако не е за некоја улога, маскенбал или тематска забава.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-12.jpg

Како изгледа твојот работен ден во театар? Како ти се организирани ангажманите?

Со работа почнувам претежно попладне, бидејќи претставите најчесто започнуваат од 20 часот.

Во зависност од тоа која претстава се игра вечерта, ги подготвувам потребните шминки, перики, мустаќи и слично, а потоа пијам едно кратко кафе заедно со останатите колеги.

Се враќам во шминкерната и си пуштам тивка музика...

Сакам кога работам да има убава и опуштена атмосфера. Веќе околу 18 часот актерите доаѓаат и започнува магијата.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-05.jpg

Дали ти си должна да ги нашминкаш сите актери за една претстава или сте поделени?

Ние сме две колешки и најчесто сме поделени, јас ја работам шминката, а колешката прави фризури, но, при поголем обем на работа и двете работиме наизменично и меѓусебно си помагаме.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-04.jpg

Колку шминки имаш најмногу направено за најкраток временски период? 

Времето во театар е ралативно - некогаш работи за нас, понекогаш не, но на крајот сѐ се завршува на време и претставата може да започне.

Имавме претстави мјузикли во кои играа повеќе од 40 изведувачи, воедно актери/актерки, балерини, балетани, хор и ги спремивме сите за околу 3 часа.

„Мајсторот и Маргарита“ - над 30 актери, исто така за нешто помалку од 3 часа.

Засега, рекордот изнесува 40 минути - 12 актери/актерки, воедно шишање на брада, обликување мустаќи, нанесување леќи... 

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-08.jpg

Која ти била најтешка шминка досега и зошто?

Не би рекла најтешка… Можеби најпредизвикувачка ми беше шминката во „Мајсторот и Маргарита“, бидејќи имавме маски и SFX (special makeup effects) кои што најпрво ги направи наш познат маскер Горан Игњатовски, од кој што научив многу.

Потоа, јас го наследив и го работев тој дел правејќи рани, лузни, ставајќи и боејќи заби и др.

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-19.jpeg

monika-grkovska-shminkerka-vo-mnt-sum-nashminkala-12-akteri-ki-za-40-minuti-zabavno-e-da-se-raboti-so-shegobijci-kako-sashko-kocev-i-site-ostanati-07.JPG

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Марко Митев, ракометар: „Кире Лазаров секогаш ме советува да не се плашам од противникот, колку и да... „Борбеноста, храброста и пробивноста во мојата игра веројатно доаѓаат заедно со ...
„Епилепсијата со редовна терапија може да се излечи“: Интервју со д-р Марија Милановска, доктор на н... „Во најголем број од случаите (70%) причините за појава на епилепсија се познати...
Д-р Мартина Амбарџиева, уролог: „Најчести симптоми за рак на тестисите се безболна грутка или оток в... „Во текот на мојата кариера сум сретнала повеќе необични и комплексни случаи. На...
Симона Николова (31) живее со ретка болест од дете: „Ретко излегувам од дома, но не се откажувам од ... „Тешко е да се живее со оваа болест, многу тешко, ужасно.Ретко излегувам затоа ш...
Александра од Скопје 4-ти пат беше на финалето на Вимблдон: „Билетите се од 250£ нагоре, аплицирав у... „Доаѓањето на Кејт, принцезата од Велс, предизвика бран на возбуда меѓу публикат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg