Моника Додева: „Пред 20 години доживеав несреќа и оттогаш сум во количка, но студирам, работам како илустратор и имам свој бизнис“
Имам работено на повеќе интересни и значајни проекти, но како најзабавни и посебно драги можам да ги издвојам илустрациите што ги имам направено за Скопскиот Моден Фестивал.
Исто така, имам и свој бренд наречен „Мока“, кој опфаќа печатени маици и дуксери со мои дизајни.
Бидејќи работата и обврските ми налагаат да сум повеќе време во домашна атмосфера, слободното време максимално го користам за надворешни активности.
Па, така често можете да ме видите во некое кафуле со пријатели, концерти, театар или некои настани од едукативен карактер.
Како најомилено од сè можам да ги издвојам патувањата во други градови или држави и прошетките во природа.
За во блиска иднина очекувам многу успешни проекти на работно поле, патувања и уште поголема физичка активност и испробување на нови спортови.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело