Стефан Лазаров: „Се прославив како јутјубер од првиот ден, месечно од спонзори можеш да заработиш и над 5.000 евра“

Работиш ли нешто друго покрај ова или јутјуберството е работа со полно работно време? Колку часови на ден посветуваш?

Не работам ништо друго, зошто би работел кога заработувам 4 или 5 пати повеќе месечно од која било друга работа што би ја работел во Македонија? Оваа работа нема часови во денот, ова е начин на живот.

Уживам, среќен сум и дури понекогаш не ни се чувствувам како да работам.

Инаку, моментално спремам ново студио, нов поткаст кој ќе започнува во вторник во 22:00 часот, а исто така уште еден поткаст кој ќе го водам заедно со Зоки Фаци, а ќе се емитува во петок во 23:30. Едвај чекам да видите што спремам…

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-22.jpeg

Како работиш на својот напредок и на идеите? Гледаш ли примери од странство? Има ли денови кога не знаеш навистина што да снимаш?

Секако дека се инспирирам од светските јутјубери, но не само од јутјуберите. Општо обожавам да гледам емисии, шоубизнисот ме интересира. Па, најчесто знам да склопам идеа од неколку примери.

Инаку, да. Многу често се доаѓа до момент да си кажеш и сега што следно… Но, тоа трае два, три дена, па ќе ти дојде идејата и така во круг.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-04.jpeg

Да не беше јутјубер, ќе беше…

Искрено не знам. Ми пропадна сонот со фудбалот и во тој момент ми беше тешко да најдам пат.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-12.jpg

Сега, доколку некогаш одлучам да се повлечам, би работел со маркетинг.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-21.jpg

Има ли предрасуди во Македонија за овој тип на работа? Колку се трудиш да им објасниш и доловиш?

Има многу, ама мене тоа воопшто не ми е проблем. Ме мотивира.

Нормално е да има предрасуди бидејќи ова е нова работа, нова професија. Наше е сега да докажеме дека Јутјуб е новата телевизија.

Наше е да го валоризираме успехот, а кога го правиме тоа луѓето почнуваат да веруваат.

Секаде низ светот е така. Можеш колку сакаш да си успешен во тоа што го правиш, но ако не заработуваш многу луѓето нема да веруваат дека твојата работа има поента.

За жал е таков менталитетот, но и тоа не воопшто погрешно. Со успехот доаѓаат и парите. Но, многу е битно првата цел да не ти бидат парите, само така ќе бидеш успешен.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-07.jpeg

Како реагираше твоето семејство на изборот на професија?

Бескрајно ќе им бидам благодарен цел живот. Кога дадов отказ од телевизија и сакав да бидам јутјубер ми рекоа да си го слушам срцето и да дадам сè од себе. Тие ќе бидат колку што можат секогаш тука за мене.

Така е и денес, а верувам дека ќе се сложат многу ваши читатели дека е многу побитно морално да добиеш поддршка од дома, отколку пари.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-27.jpeg

Што си посакуваш за 10 години отсега и на професионален и на приватен план?

Да оставам печат во ова што го работам и луѓето да го ценат мојот труд.

Имам амбиции да направам голема продукција, огромен простор во којшто ќе работат луѓе и ќе ја следат мојата визија. Има потенцијал за тоа и знам дека ќе дојде тој ден.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-29.jpeg

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-28.jpeg

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-25.jpeg

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-24.jpeg

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-23.jpeg

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-18.jpeg

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-13.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg