Стефан Лазаров: „Се прославив како јутјубер од првиот ден, месечно од спонзори можеш да заработиш и над 5.000 евра“

10.02.2022

„Ќе бидам реален, ми се допаѓа Бака Прасе. Дечкото е најдобар бидејќи точно знае што е бизнис. Јас не работам ништо друго освен јутуберство, зошто би работел кога заработувам 4 или 5 пати повеќе месечно од која било друга работа што би ја работел во Македонија? Ова е начин на живот, среќен сум“, вели нашиот јутјубер Стефан Лазаров (25) и открива детали за неговата професија, како и кој му е најхуманиот потег досега и најзабавното интервју.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-nad-5-000-evra-01.jpg

Стефан Лазаров (25), студент на Европскиот Универзитет, е еден од нашите најпознати јутјубери, кој се занимава со Јутјуб речиси 3 години, а пред тоа две години има работено како телевизиски водител.

Вели дека има работено и како шанкер, фитнес тренер, а до својата 18-та година играл професионално фудбал.

За својата кариера, тој споделува детали за CRNOBELO.com:

Колку години ти требаа за да се прославиш како јутјубер во Македонија? Дали во моментот си таму каде што некогаш посакуваше да бидеш?

Искрен да бидам не очекував да имам почеток каков што имав. Јас се прославив како јутјубер уште од првиот ден.

За само 1 месец имав повеќе од 15.000 претплатници, што е рекорд за Македонија и не верувам дека некој ќе успее да го помине во брз период.

Верувам дека тоа го направив поради тоа што успеав да привлечам повозрасна публика во тој момент и донесов нешто поразлично. Но, секако треба да се биде искрен и да се каже дека многу голем удел имаше и веќе моето појавување на телевизиските екрани, па луѓето ме знаеја и од таму.

Во моментов се чувствувам дека сум сè уште далеку од таму каде што сакав да бидам. Сè уште чувствувам дека имам многу што да покажам. Визијата и амбициите кај мене биле секогаш преголеми.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-09.jpeg

Се заработува ли како јутјубер? Од платформата или од спонзори?

Како платформа не се заработува многу поради лошиот CPM-cost per mile, да речеме со 500.000 до 800.000 прегледи месечно можеш да заработиш околу 300 евра. Што е навистина лошо, а сите знаеме колку е тешко да дојдеш до толку прегледи во Македонија.

Но, сега станува актуелно да се емитуваат видеата во живо, а да добиваш поддршка од гледачите во вид на донации.

Мислам дека овој момент ќе промени доста работи. Е сега, реалноста е таа дека од спонзори или фирми се прават сериозни пари.

Кога си најактуелен, гледан и имаш добар продукт е многу лесно да го продадеш.

Токму поради тоа што во Македонија нема многу такви продукти. Месечно се заработува над 3.000-5.000 евра доколку знаеш како да го изменаџираш сето тоа.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-10.jpeg

Кои јутјубери од регионалните ти се допаѓаат? Што мислиш за Бака Прасе?

Ми се допаѓа Сими, Муџа и реален ќе бидам Бака Прасе. Дечкото е најдобар бидејќи точно знае што е бизнис. Од тој аспект го почитувам многу.

Има ставови кои не ми се допаѓаат и тоа го имам кажано многу пати. Но, ако некој знае да ја работи работава вистински тоа е Бака Прасе.

Единствено коешто отсекогаш сум го посакувал е да го имаме нивниот менталитет и да знаеме да сфатиме што е бизнис, а што е приватен однос.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-11.jpeg

Има ли во Македонија добри јутјубери?

Моментално е време на транзиција. Се појавуваат нови ликови и тоа многу ме радува.

Кога кажувам време на транзиција тоа значи дека сите ние треба сè уште да се докажуваме за да можеме да кажеме дали сме добри.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-06.jpeg

Кое ти е најгледаното видео досега? 

Најгледано видео ми е пренкот во Чаир со 264.000 прегледи. Со самиот факт што во видеото се вмешани и Албанци (па се привлекува и албанска публика) пиштол, сензационален наслов секако дека привлекува поголема маса на публика.

Видеото беше споделувано и на многу медиуми со наслов дека сум нападнат во Чаир. Тоа придонесе народот да мисли дека навистина сум нападнат и да сака да види што навистина се случува.

Искрен да бидам, реалноста е дека ние како народ отсекогаш сме биле љубопитни кога станува збор за драми.

Колку време сте заедно со Марта и кога ќе биде свадбата? Колку таа има разбирање за тоа што го правиш? Често ја снимаш и неа, лесно ли прифати ваков животен стил?

Со Марта сме повеќе од 6 години заедно. Со неа сум од кога бев никој и ништо, кога бевме деца.

Таа е мојата најголема поддршка, и колку и да звучи клише, да не беше таа со мене сигурен сум дека немаше да ја имам оваа самодоверба, упорност и чувство на сигурност.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-14.jpeg

Искрен да бидам, понекогаш се чудам како има разбирање за некои работи, но многу разговараме и се трудам да ѝ доловам во секоја ситуација која ми е намерата. Го разбира шоубизнисот и само поради тоа успева да не се грижи и да ми верува.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-05.jpeg

А за снимањето ѝ се допадна уште од првиот ден, луѓето ја засакаа бидејќи е многу природна и едноставно нè засакаа како пар.

Инаку, свадбата ни е на 8-ми јули во ресторан Рагуза 919 и едвај чекаме.

stefan-lazarov-se-proslaviv-kako-jutjuber-od-prviot-den-mesechno-od-sponzori-mozhesh-da-zarabotish-i-5-000-evra-17.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg