Димитар Симовски (18): „Научив да ткаам на разбој од моите баби, колекционер сум на народни носии“

Покрај со колекционерството и самиот си творец на традиционални народни носии. Од кого учеше да ткаеш на традиционален разбој?

Големиот восхит кон носиите и нивната убавина ми ја вродија желбата да почнам и сам да ги изработувам. Ткаењето ме интересираше уште како дете, па моите баби ме научија.

Но, за изработката на носиите учев од разни баби, кои ми кажуваа како ги правеле во својата младост.

simovski-kolekcioner-na-nosii-od-pehcevo-nauciv-i-da-tkaam-pa-izrabotuvam-kompletni-nosii-05.jpg

Реткост е млад човек да е чувар на традицијата, па кои се реакциите на најблиските?

Како што споменав голема поддршка имам од моите роднини, а најголема од моето семејство. Сите се со позитивни реакции, особено некои повозрасни луѓе кои слушнале за мене, бидејќи како што велат сум чувар на традицијата.

Сепак и младите луѓе често знаат да ја поздрават ваквата пасија.

simovski-kolekcioner-na-nosii-od-pehcevo-nauciv-i-da-tkaam-pa-izrabotuvam-kompletni-nosii-06.jpg

Дали некогаш би ги продал/подарил?

Желбата да имам моја уникатна колекција на народни носии постоела од секогаш. Од кога научив да ги изработувам знам и да направам некоја по нарачка.

Сепак, ретките и оригиналните парчиња знаеме дека немаат парична цена, тие се наше културно богатство.

simovski-kolekcioner-na-nosii-od-pehcevo-nauciv-i-da-tkaam-pa-izrabotuvam-kompletni-nosii-08.jpg

simovski-kolekcioner-na-nosii-od-pehcevo-nauciv-i-da-tkaam-pa-izrabotuvam-kompletni-nosii-09.jpg

simovski-kolekcioner-na-nosii-od-pehcevo-nauciv-i-da-tkaam-pa-izrabotuvam-kompletni-nosii-10.jpg

simovski-kolekcioner-na-nosii-od-pehcevo-nauciv-i-da-tkaam-pa-izrabotuvam-kompletni-nosii-11.jpg

simovski-kolekcioner-na-nosii-od-pehcevo-nauciv-i-da-tkaam-pa-izrabotuvam-kompletni-nosii-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Д. Б. | Црнобело

фото: приватна архива + етно саем Трњани



Би можело да ве интересира:

Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Каменка од Богданци има пилатес студио во Лондон: „Тука лесно се отвора мал бизнис, потоа давачките ... „За време на факултетските години почнав да барам функционален начин на вежбање ...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Бобан Пешов речиси 30 години живее во Италија: „Тука сум пораснат, во Македонија повеќе се чувствува... Бобан Пешов (36), по потекло од село Трсино, Виница, се преселил во Италија со с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg