Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Бев во школо за тајландска масажа во Тајланд, се опуштавме со билки, а по 21 часот се гасеа светла“

„Преку масажа со 10-те енергетски меридијани таму си пронајдов тригер точки и болни места во телото за кои никогаш не сум знаела дека постојат и дека се поврзани со други мои проблеми. Станувавме рано, не излегувавме од имотот, во 9 часот се гасеа светла и научив многу работи што сакам да ги применам во Македонија“ – раскажува за CRNOBELO.com Меланија од Куманово, за искуството во тајландско школо за масажа.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 3

Меланија Цветковска е 26-девојка од Куманово со огромна љубов кон природата, исцелувањето, јогата, патувањата и впуштањето во нови животни авантури.

Таа е дипломиран физиотерапевт и ужива во својата работа, ја интересира како функционира човечкото тело и на кој начин најлесно може да си помогнеме. Отсекогаш сакала да ја спои својата професија со други интереси како што се јогата, психологијата, природата и природниот начин на лекување од кое ќе се создаде една целина.

Во продолжение Меланија за CRNOBELO.com го пренесува нејзиното искуство од посета на школо за тајландска масажа...

Меланија, неодамна се врати од Тајланд. Која беше причината за посетата на оваа земја?

Иако сум дипломиран физиотерапевт и целиот мој процес на едукација бил заснован на западната медицина, сите оние кои приватно ме познаваат, знаат колку многу ме интересира источната медицина и култура пред сè.

Отсекогаш сум имала огромна желба одблизу да се запознаам со нивниот начин на живеење како и начинот на исцелување кој е далеку поразличен од сето она што ни се пласира на нас на западот.

Имам читано многу на оваа тема и долго време го имам планирано ова патување, после голема посветеност и напорна работа изминатата година конечно си го остварив својот сон да бидам дел од едно од најдобрите училишта за тајландска масажа во Чианг Маи.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 4

Кој беше клучниот момент што те мотивираше да посетиш школо за тајландска масажа во Чианг Маи?

Веќе подолго време работам приватно како физиотерапевт и постојано вложам во својата едукација за да можам што подобро да им помогнам на моите пациенти.

Во нашата професија постојано мора да сме во тек со новите методи и техники и секогаш треба да бидеме чекор напред.

Изминатата година посетив неколку курсеви кај нас и во Србија и се барав себеси, што е она што јас навистина го сакам и која од тие техники е онаа што мене највеќе ми прилега.

Како навлегував повеќе во физиотерапијата како гранка, сè повеќе ме интересираше како функционира нашето тело, како последица на што настануваат нашите болести, колку време луѓето живеат со одредени хронични болки и зошто постојано одново и одново некои симптоми се враќаат.

Сакав да научам повеќе за нашето тело, бидејќи настрана од сите прочитани книги засновани на западната медицина, мене лично многу ме фасцинира источната медицина и начинот на кој се третира еден пациент, односно како целосно битие, физичките проблеми заедно во склоп на психичките растројства, храната која ја внесуваме и емоциите кои ги носиме во себе.

Така што, не ми требаше многу време за да се одлучам на овој чекор или конкретен клучен момент на мотивација, одамна знаев што сакам, едноставно го чекав вистинскиот момент, работев вредно и имав поставено цел која конечно ми се реализира.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 1

Зошто се одлучи токму за школото во Чианг Маи?

Истражував многу, ми беше важно училиштето да биде автентично, традиционално и максимално посветено на нас, учениците, да имаат индивидуален пристап.

Во последните години тајландската масажа како и источната медицина почнува сè повеќе да се шири кон западот, така што има милион приватни училишта кои нудат курсеви на различни теми.

Меѓутоа многу од нив се премногу комерцијализирани, нудат многу кратки курсеви кои чинат многу пари, а не се доволно квалитетни, со премногу студенти од ширум светот и никаков индивидуален пристап.

Затоа истражував многу и комуницирав со многу мои колеги од Америка и Европа кои ми го препорача оваа училиште и дефинитивно го направив најдобриот можен избор.

„Baan Hom Samunphrai“ е името на моето училиште формирано од маестралната Maw Samunphrai („Herbal Medicine Doctor“) Homprang Chaleekanha (64) која беше вистински мастер во својата работа и беше огромно задоволство да се работи и живее со оваа жена.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 18

Како ти изгледаше секојдневието за време на наставата и разните практики?

Во училиштето бевме само 12 студенти од Америка, Германија, Франција, Аргентина и само јас од Македонија.

Живеевме како едно семејство, училиштето беше дел од еден огромен имот со најегзотичните растенија и овошја, бамбусови куќички во кои живеевме, езерце со лотоси и навистина сè беше како во бајка.

Секој ден имавме стриктен распоред, станувавме во 6 и го започнувавме денот со мантра во чест на Jivaka Kumar Bhaccha (Shivago Kompara), основоположникот на оваа техника.

После тоа следуваше едночасовна Thai Yoga која ни беше и повеќе од потребна за да го раздвижиме нашето тело и нашите енергетски центри ако сакаме да практикуваме тајландска масажа.

Откако бевме спремни енергетски за денот, почнувавме со предавања секој ден во 9 до 16 часот попладне. Предавањата беа тешки, како физички така и психички и беше еден огромен предизвик за сите нас, меѓутоа постојано имавме поддршка од сите наши асистенти и професорката, кои не дозволија никој да се откаже и да изгуби мотивација.

Откако ќе ни завршеа часовите секој ден имавме Herbal Steam Bath, кое со нетрпение го чекавме. Тоа е традиционална сауна во која се ставаат конкретни и уникатни билки од нивното поднебје со цел инхалирање и опуштање на целото тело и целата мускулатура.

После вечерата се гасеа сите светла и по 9 часот беше време за одмор, во животот се немам наспано толку добро и природно како овде.

Така што, секој ден го имавме овој конкретен распоред од понеделник до сабота без излегување од имотот (не беше забрането, но доколку постојано бевме надвор немаше да ја имаме истата концентрација и одморност).

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 16

Со кои практики, методологии и емоции се сретна за првпат во школото „Baan Hom Samunphrai“?

Буквално сè беше ново и различно, како што реков и претходно, во нивната медицина човекот е цело битие и како пациент се гледа целосно неговата психофизичка состојба.

Целиот принцип на овие масажи се заснова на принципот на 10-те енергетски меридијани односно Sen Lines, сите имаат своја функција за одредени емоции и движења од нашето тело, блокада или дисбаланс на овие меридијани се манифестира како наша болка.

Бев фасцинирана од нивната индивидуална посветеност кон еден пациент. Имавме можност секој од нас да работи со нив и да биде нивен пациент, односно да си закаже третман надвор од предавањата.

Мојот прв третман траеше 3 и пол часа, а вториот цели 5 часа. Не можев да поверувам колку темелно ми се посвети жената која работеше со мене, пронајдов тригер точки и болни места во телото за кои никогаш не сум знаела дека постојат и дека некако биле поврзани со други мои проблеми.

А со секој допир се активираше некоја посебна емоција во мене од тип на тага, страв, радост и сè измешано и во тој миг се уверив во неверојатната моќ на овие техники кои не можам со зборови да ги опишам.

А после третманите јас не можев да си поверувам како воопшто претходно сум живеела, а за себе сум сметала дека сум здрава и дека немам никакви проблеми, вежбам јога цел живот и работам упорно на себе но очигледно не било доволно.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 6

Што ти беше поголем предизвик, совладувањето на новиот материјал или соочувањето со себеси?

Најпрвин мислев дека најголемиот предизвик ќе ми биде учењето и совладувањето на самата техника, меѓутоа оваа не беше само школо за учење на одреден занает, туку животна школа во која учиш многу за себе, за своите емоции, своите стравови и желби.

Така што најголемиот предизвик дефинитивно беше соочувањето со самата себеси, имавме многу време да бидеме сами со себе и со своите мисли, да откриеме многу нешта за самите нас и да научиме да веруваме во себе.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 15

Го направи ли првиот чекор во светот на источната медицина?

Источната медицина е комплексна тема и не се учи ниту усовршува за еден месец па ниту за една година.

Доколку се вљубиш на прв поглед тоа веќе станува твоја пасија и процес кој постојано се учи и се надоградува.

Ова дефинитивно за мене е почеток на едно животно патување и едвај чекам да се едуцирам сè повеќе на оваа тема.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 12

Што научи за болестите на кои е подлежен човекот?

Болеста не се случува од денес за утре, ниту се лекува од денес за утре. Мора да бидеме свесни што носиме во себе, со какви емоции се соочуваме и што е она што со години го носиме како немир во себеси, а тоа се таложи во одредени делови од нашето тело.

Дури тогаш можеме да разбереме зошто нашето тело се бори и повеќе не нè служи исто.

Ние сме опкружени со многу нездрав начин на живот, луѓето се сè повеќе депресивни и изгубени во ова секојдневие, не работат на себеси, а лекот го бараат во фармацевтските индустрии кои и те како знаат да профитираат.

Секако дека постојат одредени физички повреди или болести предизвикани од надворешни фактори и за нив има друг принцип на работа.

Затоа за мене е огромен предизвик и задоволство да ја спојам западната и источната медицината во процесот на мојата работа.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 11

Колкав период е потребен за откривање на тајните и совладување на тајландската масажа?

Тајландската масажа секогаш има еден принцип според 10-те енергетски меридијани, може да се користат различни движења но на крајот резултатот е ист.

Процесот на совладување е долг и потребна е многу долга пракса и посветеност. Кај нив оваа техника е стара повеќе од 2.500 години и се пренесува секогаш од генерација на генерација.

Доколку во една фамилија постојат стари и искусни терапевти кои имаат еднаква титула на доктор и се поценети од сите други здравствени работници, тие на своите потомци уште од најрана возраст (6-7 години) им го пренесуваат своето искуство.

Најпрвин се учат да работат боси со своите стапала и да создадат осет на фини движења. Што значи дека нивниот процес на совладување на овие техники е долг и темелен, затоа не можеме да очекуваме за еден месец да го совладаме сето она на кое тие работат со години.

Мојата едукација само што започна и ме чека долг пат, но воедно сум многу возбудена и едвај чекам да им го пренесам сето тоа на моите клиенти.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 14

Што правеше во слободно време?

Секоја недела имавме слободен ден и ни беше предизвик да истражуваме нови места.

Сакавме да планинариме и да откриваме нови водопади и различни места со прекрасни погледи, Тајланд изобилува со нестварна природа, огромни бамбусови шуми и растенија кои само таму може да ги видите.

Освен тоа насекаде има преубави будистички храмови кои секогаш те оставаат без зборови, ние посебно уживавме да ги посетуваме оние кои беа помалку туристички места, за да можеме да уживаме во тишината.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 9

На кој начин ќе го споделиш стекнатото знаење и искуство?

Јас веќе долго време работам во Куманово како физиотерапевт, меѓутоа за првпат во нашиот град моите клиенти ќе имаат можност да ја пробаат оваа техника и да се уверат во нејзината корист.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 7

Ќе се вратиш ли повторно во Тајланд?

Дефинитивно, да. Веќе наредната година ми е следниот курс, а до тогаш имам доволно време за пракса и совладување на сето онаа што досега имав можност да го научам.

melanija cvetkovska fizioterapevt bev vo skolo za tajlandska masaza vo tajland sakam steknatoto znaenje da go spodelam vo makedonija i da im pomognam na lugjeto 8

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg