Миа (17), наша средношколка: „Ми дијагностицираа дијабетес на 6 години, во четврто одделение паднав во хипогликемична кома“

Дали станува збор за наследна болест? Има ли некој кај тебе во семејството?

Дијабетес тип 1 не е наследен, врз него влијаат повеќе етиолошки фактори и е последица на модерниот начин на живот, додека дијабетес тип 2 може да биде наследен.

Во мојот случај, не е, јас сум прва во семејството.

mia-17-nasha-srednoshkolka-so-dijabetes-mi-ja-dijagnosticiraa-bolesta-na-6-godini-mi-se-promeni-zhivotot-02.jpg

Колку болеста ти влијае на квалитетот на живот? Имаш ли проблеми на училиште со примање на терапијата и слично?

Научив да се борам со дијабетесот, едноставно го прифатив како дел од мене.

Во врска со училиштето морам да признаам дека пред да започнам со средно училиште бев премногу исплашена поради новата средина, новите професори и соученици, се плашев дали ќе ме прифатат со мојата состојба.

Но, еве ја користам оваа можност од срце да им се заблагодарам на сите професори и ученици во СУГС „Орце Николов“, кои секојдневно ми помагаат и имаат разбирање за мојата состојба. Среќна сум што ве имам во мојот живот.

mia-17-nasha-srednoshkolka-so-dijabetes-mi-ja-dijagnosticiraa-bolesta-na-6-godini-mi-se-promeni-zhivotot-10.jpg

Каква е ситуацијата кај нас, се говори ли доволно јавно на оваа тема?

Јас лично многупати имам јавно и гласно говорено за оваа состојба, посебно за предизвиците со кои се соочуваме ние дијабетичарите.

Сметам дека е потребно што повеќе луѓе да знаат за оваа состојба и според мене е потребна едукација барем во основните и средните училишта, каде што има сè повеќе дечиња со дијабетес.

Потребно е да се знае прва помош, како да му се помогне на некое лице доколку изгуби свест како последица од низок шеќер (хипогликемија).

mia-17-nasha-srednoshkolka-so-dijabetes-mi-ja-dijagnosticiraa-bolesta-na-6-godini-mi-se-promeni-zhivotot-03.jpg

Колку дијабетесот беше ризик фактор плус во пандемијата? Те плашеше ли тоа? Имаше ли корона и како помина?

Како што знаеме, дијабетесот беше еден од најголемите ризик фактори кои можеа да доведат до компликации, па и смрт.

Две години моите родители ме чуваа буквално како во стаклено ѕвоно, немав контакт дури ни со моите роднини и најблиски пријатели.

Бев вакцинирана со две дози на Фајзер, но и покрај тоа вирусот не ме одмина. Го прележав годинава во март.

Од ковид симптомите имав висока температура и страшна болка во грлото, меѓутоа најлошо ми се одрази на шеќерот. Таа цела седмица шеќерот ми одеше до 20, а нормално е до 6.5.

mia-17-nasha-srednoshkolka-so-dijabetes-mi-ja-dijagnosticiraa-bolesta-na-6-godini-mi-se-promeni-zhivotot-08.jpg

Што би им порачала на луѓето кои за првпат се соочуваат со оваа дијагноза? Има ли простор за паника?

Дијабетесот не е нешто што можеш да го скриеш, но животот не е  завршен доколку имаш.

Се сеќавам колку бев исплашена кога ми го дијагностицираа дијабетесот, но еве после 11 години едноставно не можам да си го замислам мојот живот без него.

Дијабетесот ме научи како да се борам, како да бидам храбра, како да не се предавам, дури и кога е најтешко.

Ти благодарам што ми покажа дека можам, ти благодарам што ми докажа дека сум посилна од што мислев дека сум.

A за оние кои се нови во оваа наша „шеќерна приказна“ би им препорачала само да го прифатат дијабетесот како дел од нив, како што и јас на шега си велам „Дијабетесот ќе ми биде најверен пријател низ целиот мој живот“.

Во ваква ситуација најважна е поддршката. Уште од самиот почеток јас ја имав најголемата поддршка од моите родители, потоа од моите најблиски пријатели и наставници.

И запомнете животот не е завршен ако имате дијабетес, само продолжете напред и никогаш не се откажувајте од своите цели.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марија од Скопје за ракот на дојка: „Не гуглав лекови, полесно ми беше да патувам по светот, отколку... „Дијагнозата само ми ги изостри сетилата за уживање во животот. За цело време на...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg