Миа (17), наша средношколка: „Ми дијагностицираа дијабетес на 6 години, во четврто одделение паднав во хипогликемична кома“

„Бев на екскурзија со другарчињата, бев мала и не знаев дека после примање на инсулин морам веднаш да јадам и како и сите мали деца и јас бев пребирлива по јадењето. Откако сум паднала во кома, веднаш ме хоспитализирале на интензивна нега во Клиниката во Охрид, каде два дена сум била во кома, а по будењето имав и кратка амнезија, која за среќа брзо помина...“, споделува Миа Чичкариќ (17), ученичка во 4-та година во СУГС Гимназија „Орце Николов“ за CRNOBELO.com, која од срце им се заблагодарува на соучениците и наставниците за поддршката и разбирањето.

mia-17-nasha-srednoshkolka-so-dijabetes-mi-ja-dijagnosticiraa-bolesta-na-6-godini-mi-se-promeni-zhivotot-01.jpg

Миа Чичкариќ (17), ученичка во 4-та година во СУГС Гимназија „Орце Николов“ во Скопје e прекрасна млада дама која не дозволува животната битка со дијабетесот да ѝ ја тргне насмевката од лицето.

Таа ја добила дијагнозата дијабетес тип 1 на само 6-годишна возраст, а веќе во четврто одделние имала навистина сериозна и животозагрозувачка ситуација, кога била два дена во кома.

Сега, вели дека ја прифатила својата состојба и дека веќе на шега кажува дека е сигурна дека дијабетесот ќе ѝ биде најверниот пријател низ целиот нејзин живот.

Миа за CRNOBELO.com открива кога ја добила дијагнозата и како се справува со неа:

Кога ја доби дијагнозата дијабетес и што те натера да појдеш на лекар?

Денот е 30.9.2011. Тој ден беше најтешкиот ден во мојот живот,никогаш не можев ниту да помислам дека животот ќе ми се смени преку ноќ.

Дијабетесот ми беше дијагностициран на шестгодишна возраст, па еве веќе 11 години живеам и се борам со предизвиците кои ми ги поставува оваа автоимуна состојба.

Ако се потсетиш на детството, имаше ли некакви симптоми тогаш? На што ги припишуваа твоите родители?

Поминаа цели 11 години, а на тој ден се сеќавам како да беше вчера.

Првичните симптоми ми беа: обилно мокрење, чувство на жед, слабост, изнемоштеност, чести вртоглавици, нагло ослабев речиси десет килограми.

Моите родители најпрво помислија дека имам проблеми со бубрезите и ме однесоа на преглед на нефрологија. Фала му на Бога немав ниту песок, ниту камчиња како што се сомневаа моите родители. Но, оваа приказна не заврши овде, знаете ли зошто?

Затоа што веднаш потоа ми зедоа урина,по што следуваше првиот шок! Излезе сестрата и на моите родители им кажа дека имам +++ во урината, но се разбира јас не знаев што е тоа.

Потоа ми објаснија дека имам кетоацидоза и дека веднаш мора да ми земат крв за да ми ја измерат гликемијата. Бев целата во солзи и додека бев во прегратка кај мојата мајка, сестрата ми зеде крв.

Покрај целата ситуација, не почувствував ништо. Последно нешто што се сеќавам е дека итно ме упатија на детска ендокринологија.

mia-17-nasha-srednoshkolka-so-dijabetes-mi-ja-dijagnosticiraa-bolesta-na-6-godini-mi-se-promeni-zhivotot-05.jpg

Колку симптомите го отежнуваат животот?

Погоре ги набројувам симптомите за висок шеќер, но имаме и симптоми за низок шеќер: тресење и трнење на екстремитетите, потење, нервоза, неповрзано зборување, агресивност, слабост, срцебиење.

И да, често знаат да ми го отежнуваат животот, но јас сум веќе навикната на тоа и не ми претставува никаква тешкотија.

mia-17-nasha-srednoshkolka-so-dijabetes-mi-ja-dijagnosticiraa-bolesta-na-6-godini-mi-se-promeni-zhivotot-06.jpg

Каков третман примаш? 

Јас сум на инсулинска терапија. Пред секој оброк примам FIASP (брз инсулин), а пред спиење TRESIBA (бавен инсулин), кој ми го одржува шеќерот во континуитет преку целото деноноќие.

mia-17-nasha-srednoshkolka-so-dijabetes-mi-ja-dijagnosticiraa-bolesta-na-6-godini-mi-se-promeni-zhivotot-07.jpg

Како е да се живее со дијабетес?

Хммм… Замислете цело време да носите огромен товар на рамена. Постојано да живеете во страв, бидејќи не знаете што може да се случи.

Не знаете дали шеќерот ќе биде нормален во текот на ноќта, дали ќе се разбудите следното утро.

Благодарение на дијабетесот, пораснав побрзо, научив сама да си го регулирам шеќерот, сама да се боцкам.

Некои денови е многу едноставно, заборавам на моменти и дека имам дијабетес, но има денови кога едноставно не можам да го контролирам, високите гликемии кои ме исцрпуваат и ниските гликемии кои ослабнуваат.

Има денови кога и покрај заморот, се обидувам да зрачам со позитивна енергија и насмевка. Како што често знам да кажам „Мој живот, мој избор“.

Дијабетесот може да ја измени мојата секојдневна рутина, но јас го избирам животот, јас избирам да сум храбра, да се борам и да не се откажувам.

Има ситуации кога дијабетесот знае да стави препреки на патот, дозволено е да плачеш, да викаш, да се чувствуваш вознемирено, но не е дозволено да се откажеш.

mia-17-nasha-srednoshkolka-so-dijabetes-mi-ja-dijagnosticiraa-bolesta-na-6-godini-mi-se-promeni-zhivotot-09.jpg

Која била најризичната ситуација што си ја имала досега?

Паѓањето во хипогликемична кома. Тоа се случи кога бев на екскурзија во 4-то одделение.

Бев мала и не знаев дека после примање на инсулин морам веднаш да јадам и како и сите мали деца и јас бев пребирлива по јадењето.

Откако сум паднала во кома, веднаш ме хоспитализирале на интензивна нега во Клиниката во Охрид, каде два дена сум била во кома, а по будењето имав и кратка амнезија, која за среќа брзо помина.

Хипогликемијата може да доведе до несвестица, кома и во најлош случај смрт. А после долготрајна кома, може да следи и оштетување на некои нервни центри.

mia-17-nasha-srednoshkolka-so-dijabetes-mi-ja-dijagnosticiraa-bolesta-na-6-godini-mi-se-promeni-zhivotot-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Марија од Скопје за ракот на дојка: „Не гуглав лекови, полесно ми беше да патувам по светот, отколку... „Дијагнозата само ми ги изостри сетилата за уживање во животот. За цело време на...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg