Маида од скопско чува гигантска азиска богомолка: „Абриа се плаши од галење, многу е чувствителна на сонце“
На што најмногу треба да се внимава ако чуваш богомолка?
Иако се моќни ловци во светот на инсектите, сепак, во споредба со луѓето, богомолките се мали животни.
Нежно треба да се држат, да се внимава да не ја згази некој во случај да има паднато на земја.
Дали богомолките се опасни миленици? Може ли да се држат во гола рака?
Богомолките немаат отров, што значи дека се комплетно безопасни за луѓето. Може да се држат во рака, сè додека ги почитувате.
Нема потреба да ги галите бидејќи ова може да ги исплаши!
Ама сепак секоја богомолка е уникатна. Една од моите стари богомолки, Бети, немаше никаков проблем кога ја галев нежно по грбот, Абриа толерира, ама сепак преферира да не ја допираат многу, и јас тоа го почитувам.
Дали досега си имала некој инцидент со миленикот?
Да, имав страшен инцидент со неа еднаш. Ја одвоив во еден сад на терасата додека ѝ го чистев живеалиштето. Пројдоа 15 минути, па кога се вратив да ја земам видов дека беше на дното и се тресеше.
Испадна дека ја имав оставено директно под сонце и добила топлотен удар.
Не паничев, ја ставив на ладниот под и ѝ дадов вода.
За 2 часа се врати во нормална форма. Богомолките се многу осетливи на сонце и лесно може да умрат од топлотни удари. Да задоцнев 5 минути Абриа ќе беше мртва.
Може ли богомолките да се чуваат со други домашни миленици?
Не, богомолките се самостојни суштества кои уживаат во сигурноста на нивната изолација. Додатно се предатори и озлогласени канибали што значи и други богомолки се под ризик ако се зборува за глад.
Како реагираат луѓето кога ќе ја видат за првпат?
Страв, изненадување и фасцинација. Ова се едни од најчестите реакции што ги добивам од луѓето кога ќе ја видат неа.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело