Бојана Трајковска: „Чувам црвеноушеста водна желка - Жаклина ме релаксира, но желките носат салмонела“

Сака ли галење? Кој член од семејството ѝ посветува најмногу внимание?

Галење, држење надвор од аквариум, пуштање да шета по дома - не сака. Желките не се којзнае колку социјални животни што дури и се препорачува да не се чуваат по повеќе во ист аквариум, а ако им ставите риби помали од нив со сигурност ќе ги изедат.

Меѓутоа чешкање по оклопот, дури е внатре во аквариум (си доплутува до горе и пуштаме рака и ја чешкаме) - тоа обожава.

Двајца сме дома и по двајцата допливува да се поздрави, ама не го сака баш кутрето Чедомир, а тој не ја регирстира за живо суштество сè уште, па се на статус кво.

bojana-trajkovska-chuvam-crvenoushesta-vodna-zhelka-zhaklina-me-relaksira-no-zhelkite-nosat-salomonela-10.jpg

Брза ли е?

Не трча брзо бидејќи не ни сака да се шета по дома, ама плива екстремно брзо. Толку е брза што не можам ни да опишам со зборови.

Тоа е кога сака да брза, кога си игра или доаѓа за храна или чешкање. Ако не, си го зема времето не се брза никаде, дома си е и што сака ќе си прави.

bojana-trajkovska-chuvam-crvenoushesta-vodna-zhelka-zhaklina-me-relaksira-no-zhelkite-nosat-salomonela-13.jpg

Имала ли здравствени проблеми досега? На што мора да се внимава?

Досега не, овие две седмици е малку поспора и поуспана, но сметам дека брзо ќе го решиме тоа со новиот поголем аквариум, поголем филтер, греач и слично.

Мора да се внимава на многу работи реално: температура на водата за да не ѝ е ладно, чистење на водата за да не фати некоја инфекција, вредностите на водата, постојат дури и суплементи што може да им се даваат за да имаат доволно витамини и слично.

Тоа што морам да го напоменам некаде е дека желчињата носат салмонела. Значи ја имаат во себе од старт. Пред секое ракување со желката миење раце за ние да не ѝ пренесеме бактерии, после секое ракување со желката темелно миење раце за ние да не фатиме салмонела.  

Одлични миленичиња се, но пред одлуката да се земе мора да ги знаеме овие факти.

bojana-trajkovska-chuvam-crvenoushesta-vodna-zhelka-zhaklina-me-relaksira-no-zhelkite-nosat-salomonela-03.jpg

Црвеноушестата водна желка како домашен миленик ти се допаѓа затоа што…

Се крајно поинтересни од што мислиме, може човек со часови да ги гледа и да одмора психа и ум и да му биде интересно.

Паметни се, одлични ловци и барем на мене ми се многу слатки.

bojana-trajkovska-chuvam-crvenoushesta-vodna-zhelka-zhaklina-me-relaksira-no-zhelkite-nosat-salomonela-09.jpg

Што би им препорачала на другите заинтересирани – дали црвеноушеста водна желка е соодветна за домашен миленици? Познаваш ли некој друг што чува?

Црвеноушестите желчиња се одлични миленичиња ако сте тип на човек кој нема време или не е во расположение да шета, чешла, крати нокти, собира по своето милениче, но и човек кој е спремен да се нафати на одоговорноста за одржување на аквариумот.

Желчињата се за гледање и одмарање ум, не се фан на тоа да ги чепкаат многу луѓето. Сè што им треба е доброодржуван аквариум и верувајте нема ништо порелаксирачко од тоа по напорен ден да ги гледате што прават во аквариумот.

Сме поминале часови и часови само гледајки ја и за мене и за свршеникот било како хипнотичка медитација.

Поради салмонелата мислам дека евентуално не би биле сосема добар миленик за мали деца, освен ако детето не е под надзор од возрасен дури прави што било со желката (а и бидејќи оклопчето им е нежно, а децата знаат да немаат осет, па може да го повредат желчето).

Моите родители т.е. мојата сестра има 7-8 годишна црвеноушеста желка Торко џамбазот, но освен нив не познавам некој друг лично да има желче.

bojana-trajkovska-chuvam-crvenoushesta-vodna-zhelka-zhaklina-me-relaksira-no-zhelkite-nosat-salomonela-12.jpg

Какви други миленици имаш чувано?

Во принцип стандардните куче, маче, папагал, хрчак, но како растев фокусот сè повеќе ми беше да спасам/вдомам милениче отколку да купам, што е и причината зошто и Чедомир и моето претходно кутре Лиза се вдомени нерасни кутриња.

Би сакала да имам акслотл, но засега доволно ни е одржување на еден аквариум и кутре.

bojana-trajkovska-chuvam-crvenoushesta-vodna-zhelka-zhaklina-me-relaksira-no-zhelkite-nosat-salomonela-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Филип Костовски, чевлар: „Ги поправив најскапите чизми што сум ги видел, чинат над 4.500 долари“ „Чизмите за поправка ги донесе Македонка која работи во странство. Нè пофали за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg