Викторија Лоба за свадбата со саканиот Ѓорѓи: „Носев венчаница долга 3 метри, два бели гулаби слетаа на зајдисонце кај Св. Јован Канео“
Во кој миг знаеше дека Ѓорѓи е вистинскиот за тебе?
Мислам дека не постои посебен миг, тоа чувство за Ѓорѓи го имам од секогаш.
Најубав миг од свадбената церемонија...
Временската прогноза тој ден беше толку променлива, дуваше силен ветар и секој момент очекувавме да заврне.
Моментот после венчањето кога излеговме од црквата сè беше толку смирено, меко, навистина волшебно. За неколку минути го дочекавме и зајдисонцето, а она што навистина нè воодушеви се два бели гулаби кои сосема случајно долетаа на кровот од црквата и така еден до друг седеа и нè набљудуваа од горе сè додека не заминавме.
Има ли нешто што би направила поинаку?
Сè беше совршено и магично. Ништо не би променила.
Колку гости имавте?
Имавме околу дваесетина наши блиски членови на семејството.
Имавте ли забава или допрва планирате?
Забавата допрва доаѓа.
Ќе одите ли на меден месец?
Тоа уште не сме размислувале искрено, сигурно ќе биде некоја спонтана наша одлука како и секогаш.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело