Кирил Ангелов од Велес: „На 9 години бев жртва на сексуално злоставување, зборувам јавно со надеж да помогнам на други“

kiril-angelov-od-veles-na-9-godini-bev-zhrtva-na-seksualno-zlostavuvanje-zboruvam-javno-so-nadezh-da-pomognam-na-drugi-03.jpg

Зад себе имаш трнлив пат, но не ја тргаш насмевката од лицето, зрачиш со убава енергија и ведрина... Зад себе имаш и дијагноза рак, хемотерапија и инфаркт предизвикан од хемотерапијата, како изгледаше овој тежок период од твојот живот?

Впрочем, верувам дека тој период во 2019 година беше главниот двигател да ја соберам сета оваа храброст и да говорам за ова.

Кога човек е соочен со болест која може да предизвика смрт, се присетува на сите оние нешта кои можел да ги направи, а не ги направил.

Затоа сакав, преку моето искуство и мојата искреност, да помогнам некому кој се соочува со истата тајна (а сега вистина) како и мојата. Дури и сега кога се подготвувам за уште еден оперативен зафат, чувствувам уште поголема желба за живот и борба.  

На крајот, не ти останува ништо друго освен тоа да бидеш насмеан, радосен, благодарен и (колку толку) храбар, за оние кои не можат.

Дали токму здравствените проблеми те натераа да се ставиш себе и своето психичко здравје на прво место и да говориш отворено за сè што те мачи, без разлика како околината ќе го перципира тоа? Имало ли непријатни реакции?

Да, како што кажав. Канцерот и инфарктот предизвикан од хемотерапијата, беа еден вид на поттик што потоа донесоа катарза.

Сега, говорејќи за сето ова, и споделувајќи го, чувствувам еден прекрасен мир, една чистина од сето тоа во минатото.

Непријатни реакции имало, има, и ќе има. И секој што говори за ова, мора да знае дека таквите реакции воопшто не се важни.

Жртвите на сексуално злоставување најчесто се соочуваат со недоверба од страна на другите, со исмејување, со задоволство дека им се случило тоа (да, злобата на луѓето оди до таму, нешто што го дискутирам во мојата книга преку лични примери, најмногу од роднини), со булинг и мобинг, со сè и сешто.

Но на крај, во оквирот на големата слика, тоа не е важно. Важно е само како со вашата приказна и вашето искуство, ќе можете да помогнете некому.

Дали сметаш дека најсилните битки во животот ги добиваат токму најхрабрите борци?

Во овој свет, во ова модерно време, во ова општество, мораме да сме цврсти како карпа. За да можеме да издржиме сè.

Цвеќињата на крај овенуваат, тревата се суши, листовите на дрвјата исто. Карпите поднесуваат сè. И олуја, и снег, и жега, и сè. И на крај остануваат цврсто. Со своето место во светот, со својата причина.

Борците наоружани со чиста совест и вистина, секогаш триумфираат на крајот. Затоа, секој треба да пристапи така. За вистината, и за доброто на сите.

Што научи од сето лошо што ти се случи? Која е пораката до сите што се соочуваат со вакви битки? Кој е твојот таен рецепт да издржиш, надминеш и да му се радуваш на животот и покрај сè?

Научив дека треба да имаме чувство на емпатија, и потреба да простиме. Научив дека не е важно што ќе кажат останатите, што ќе каже некоја неважна роднина, некој неважен познаник и лажен пријател, колега, некој интернет трол од земјава.

Научив дека (иако е тешко да се проголта) сè се случува со причина. Научив да раскажам сè, за да бидам најсреќниот човек на светот.

Што и да кажеме, што и да направиме, што и да преземеме, најважното останува дека мораме да простиме. А впрочем тоа е и најтешкото нешто. Бидејќи кога простуваме, сета тежина се слева од нас. И остануваме лесни, ведри, радосни, среќни.

Твојата книга треба да ја прочита секој затоа што...

Треба да ја прочита за да разбере дека не сум единствениот кој поминува низ овие трнливи патеки. Во нашата земја има многу неискажани нешта, кои нè тиштат, и нè убиваат полека и тивко. И на крај, не знаеме зошто сме безживотни.

Книгата не е само за сексуалното злоставување, но и за тоа како образованието во оваа држава поттикнува булинг и ги затвора очите, до каде оди злобата на роднини кога ќе дознаат за нешто вакво, до каде оди дрскоста на тоа да се впери прстот кон жртвата со обвинување, за тоа како некој може да се излечи од сето ова и да биде најсреќен.

Треба да ја прочита секој што поминал или поминува за ова, за да не седи во темнината и тишината на срамот, туку да го дигне гласот, да зборува за ова, да ја подигне свеста на народот, и да ја напише својата книга, да ја раскаже својата приказна.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg