Верица Огњанова: „Имав само 21 година, ми кажаа дека ќерка ми има Даунов синдром, но нејзината насмевка ми е лек за сè“

Како е да се биде мајка на дете со Даунов синдром? Чувствуваат ли луѓето емпатија кон вас?

Денес, по сите поминати перипетии да можам да бирам повторно би го одбрала овој пат и овој живот.

Јас сум благодарна и почестена што сум мајка на Јоана, таа е мојот животен патоказ, таа ми покажа да ја занемарам медицинската логика и претпоставки. Јас избрав да не живееме по претпоставки и проценти и да живееме храбро и вистински.

Најголем предизвик ми е што има ограничен говор, но таа има еден јазик, јазик на чистата љубов и за него треба само да сакаш да го видиш и прифатиш.

verica-ognjanova-imav-samo-21-godina-mi-kazhaa-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-no-nejzinata-nasmevka-mi-e-lek-za-se-02.jpg

Таа живее сега и овде, многу поквалитетно од нас, типичните, кои многу често забораваме да сме сега и овде. Некако повеќе нормално ни е во иднината или минатото да живееме, само не и во сегашноста.

Затоа Јоана е мојот патоказ и секојдневен потсетник, таа се буди со насмевка и не можам да ви опишам - тоа е најубавото нешто да го гледаш секое утро и најубавиот потсетник да се насмевнеш и ти.

Знаете како човек расте и се прифаќа себеси целосно, детето, предизвиците – вистински расте, јас одлучив - не прифаќам улога на жртва.

Нормално и денес знаеме да доживееме некој тригер или неприфаќање, но кога ќе ја разбереш својата внатрешна моќ и дека само ако јас дозволувам нештото да ме допре, тогаш веќе сè се менува и од тој тригер или негативна ситуација излегуваш како победник.

Тоа е и една од моите најголеми желби, да им ја откријам таа тајна на сите посебни родители или жртви на психичко насилство, бидејќи тие тешко гледаат друга опција или друга вистина на својот пат.

Еден ден сакам да сум тренер за личен развој на посебни родители и со малку поголем фокус кон женската самодоверба, самосвесност и самовредност.

verica-ognjanova-imav-samo-21-godina-mi-kazhaa-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-no-nejzinata-nasmevka-mi-e-lek-za-se-03.jpg

Оди ли Јоана на училиште? Како ја прифаќаат соучениците?

Да, одлично бевме поддржани од училиштето, не беше лесно, но секоја истрајност се исплаќа.

Таа е среќна и сака да оди на училиште, а тоа е најголем доказ дека се чувствува сакано и прифатено, а мене тоа ми е најважно.

verica-ognjanova-imav-samo-21-godina-mi-kazhaa-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-no-nejzinata-nasmevka-mi-e-lek-za-se-05.jpg

Најтешки мигови имате кога…

Па, единствено кога е настината или ја боли нешто самата ограниченост во говорот е предизвик, но со љубов и следење се тренираш и лесно детектирам за што се работи.

verica-ognjanova-imav-samo-21-godina-mi-kazhaa-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-no-nejzinata-nasmevka-mi-e-lek-za-se-15.jpeg

Најубави мигови ви се кога…

Секое будење со најубавата инспиративна насмевка на свет.

За неа Скопје е вистински полн погодок бидејќи на секој чекор има нешто што ѝ е забавно и атрактивно. Најголем фан е на лулашки и се радува посебно кога има деца околу неа т. е не се лула сама.

verica-ognjanova-imav-samo-21-godina-mi-kazhaa-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-no-nejzinata-nasmevka-mi-e-lek-za-se-07.jpg

Која ви е омилена заедничка активност?

Омилена активност ни е готвење и како се вративме во Скопје потребата за средства и фактот дека сме под кирија, нè инспирира да изработуваме природни глицерински сапуни со чисти есенцијални масла, кои се единствени на нашиот пазар, а јас и онака ги имам маслата дома за поддршка на Јоана. Ароматерапијата има неверојатен ефект врз дечињата со уникатност, па така најдов начин две љубови да ги спојам во едно.

Отсекогаш сум имала почит кон сè што е рачно правено, за мене рачните работи имаат душа и енергија, а за тоа најдобро сведочат и сите луѓе кои ги пробале нашите сапуни и се изненадени од нивниот пријатен ефект врз кожата.

verica-ognjanova-imav-samo-21-godina-mi-kazhaa-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-no-nejzinata-nasmevka-mi-e-lek-za-se-12.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg