Странци од разни земји ни откриваат какви пријатели се Македонците: „Драматични, но даваат срце за блиските“

Бугарот Бојан: „Лојални, добри, но драматични“

Бојан Христов од Софија вели дека најдобрите карактеристики на Македонците како пријатели се лојалноста, заштитничкиот дух, љубезноста, добрата смисла за хумор и тоа што секогаш се спремни да помогнат.

Единствена лоша карактеристика е што понекогаш се драматични. Бојан, кој има 37 години и работи како фотограф открива дека има многу пријатели од Македонија, кои ги запознал додека работел на брод, на забави низ Софија, на бугарските плажи и додека бил на гости во Скопје.

Japonka-argentinka-indijka-ni-odgovaraat-kakvi-prijateli-se-makedoncite-dobri-lojalni-druvstveni-no-i-tvrdoglavi-i-dramaticni-07.jpg

„Во Македонија бев само еднаш во Скопје и најмногу ми се допаднаа пивото и луѓето. Бев изненаден од центарот од градот“ – вели тој насмеано.

Причината за неговата посета на Скопје е свадбата на која тој бил девер, македонско-бразилска свадба на своите добри пријатели со кои работел на брод.

Како пријатели, Македонците и Бугарите се слични, искрени и гласни, а според него, тоа е со сите од балканските земји, затоа дружбите секогаш се интересни и со многу пиво.

Бојан додава дека планира повторно да го посети Скопје, а сака да го види и Охрид бидејќи слушал многу убави зборови за овој град. Но, главната причина за повторната посета се македонските девојки.

Украинката Таисиа: „Разбирливи и добри слушатели“

Украинката Таисиа која ја обожава македонската ракија својата другарка од Македонија ја запознала во Калифорнија.

И двете биле студентки кои биле на летна работа во САД во забавен парк. Нивното пријателство трае повеќе од шест години, иако Таисиа останала да живее во Лос Анџелес каде работи како агент за недвижности, а нејзината другарка се вратила во Скопје, но ја има посетено во Калифорнија.

„Како пријатели се разбирливи, имаат добра смисла за хумор и секогаш искажуваат поддршка без оглед на ситуацијата, дури во најлудите работи“ – вели таа за својата македонска пријателка, за која, насмеано додава дека ѝ е бесплатен терапевт бидејќи е одличен слушател со големо трпение.

stranci-od-razni-zemji-ni-otkrivaat-kakvi-prijateli-se-makedoncite-dramatichni-no-davaat-srce-za-bliskite-000 (1).jpg

За тоа дали има разлика меѓу Македонците и Украинците таа одговара дека се навистина слични.

Таисиа вели дека имале многу авантури и луди забави заедно со другарката од Македонија, но нема да ја заборави ноќта кога шпионирале слатки момци скриени во грмушки во парк во Калифорнија.

Турчинката Бусе: „Нема разлика меѓу пријателите од Македонија и Турција“

Турчинката Бусе Агба има многу пријатели од Македонија бидејќи веќе една година живее во Скопје каде дошла да ги заврши своите пост-дипломски студии за психологија.

Оваа 25-годишна девојка за своите пријатели од Македонија вели дека се лојални, друштвени и секогаш ѝ помагаат.

stranci-od-razni-zemji-ni-otkrivaat-kakvi-prijateli-se-makedoncite-dramatichni-no-davaat-srce-za-bliskite-.jpg

На прашањето дали македонските пријатели имаат маани, таа вели дека не искажуваат многу чувства, дека не секогаш имаат фацијални искази и се малку резервирани додека добро не те запознаат.

Бусе вели дека покрај Скопје ги посетила и Прилеп, Охрид и Крушево и дека најмногу од сè ѝ се допаѓа македонската архитектура.

Во однос на разликите меѓу Македонците и Турците во улога на пријатели, таа вели дека не постојат големи разлики, и две нации се друштвени и лојални, само Турците се поекспресивни.

stranci-od-razni-zemji-ni-otkrivaat-kakvi-prijateli-se-makedoncite-dramatichni-no-davaat-srce-za-bliskite-00.jpg

Бразилката Летиција: „Добри пријатели со силен карактер“

Летиција Андраде од бразилскиот град Сао Пауло, која во моментов живее во Одеса со својот вереник од Украина, вели дека Македонците се навистина добри пријатели.

Таа има запознаено многу Македонци со кои работела на брод.

„Тие се добри пријатели, искрени и друштвени, имаат силен карактер, и кога се изнервирани изгледаат многу луто, дури и по малку агресивно“ – вели таа за доблеситите и мааните на Македонците како пријатели.

Таа раскажува дека има добра пријателка од Македонија, која ја смета како член на семејството, со уникатни прекари и со која поминала низ добри и лоши моменти, но секогаш добила безусловна помош и поддршка од неа.

let.jpg

„Таа реши дека ќе биде кума на моите идни деца и секогаш ми ги праќа најлошите и најсмешните имиња за примери. На сите им вели дека ми е кума, тоа е толку слатко и искрено“ – насмеано вели Летиција која открива дека сака да ја посети Македонија бидејќи храната на фотографиите на нејзините пријатели изгледа многу добро и вкусно.

За разликата меѓу пријателите од Македонија и Бразил, Летиција вели дека Македонците се искрени и тие се друштвени само со оние кои ги сметаат за блиски, додека пак Бразилците се секогаш друштвени, што понекогаш е лажно, но тоа е бразилската култура, додека Македонците се порезервирани.


Иако нашите соговорници се од различни краеви од светот, поинакви културни и професионални позадини, имаат слични искуства за Македонците како пријатели.

Ова се нивните мислења од досегашните искуства базирани на нивните пријатели, не генерално за сите Македонци.

Некои од нив ја посетиле нашата мала убава земја, други пак имаат желба. Според сите нив одлично е да се има Македонец во потесниот круг на пријатели, бидејќи тие се искрени и лојални, друштвени и имаат добра храна.

Но, да се има Македонец како пријател значи дека треба да се навикнете на нивниот силен карактер, упорност и тврдоглавост, што барем според мене, не е воопшто лоша карактеристика, можеби понеобична и посилна за справување.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg