Уличните артисти Емилио и Леандро за CRNOBELO.com: „Во Македонија научивме песна од Тоше, сакаме да ги правиме луѓето среќни“

Близнаците Емилио и Леандро од Аргентина 7 години патуваат низ светот, а до неодамна ги забавуваа луѓето низ улиците на Македонија – за CRNOBELO.com откриваат дека уживале во настапите и во македонски ајвар и бурек, но дека се разочарале кога во Куманово им ги украле парите од капа.

bliznacite emilio i leandro od argentina 7 godini patuvaat niz svetot i so nivnite nastapi sakaat da gi pravat lugjeto srecni 21

Кога седум години нема да се вратиш во своето родно место, кога седум години нема да им ги сретнеш погледите на своите најблискит и ќе се препуштиш на самиот себе, тогаш животот ти станува куфер со еден куп интересни приказни за раскажување. Таква е животната сторија на близнаците Емилио и Леандро (36) од Ланус, Буенос Аирес, Аргентина кои до пред неколку дена ги развеселуваа улиците на Скопје и другите градови во Македонија. Нивните патувања може да ги следите на @thetwinstrip.

bliznacite emilio i leandro od argentina 7 godini patuvaat niz svetot i so nivnite nastapi sakaat da gi pravat lugjeto srecni 19

Од младичи кои играле рагби, сакале да читаат манга, да патуваат од едно до друго место во Аргентина, заедно со желбата да станат новинари еден ден, а воедно и да работат во сектор за односи со јавноста, па сè до моментот кога воочиле дека сакаат нешто поразлично, нешто што ќе им внесе шаренило и смисла во нивното постоење.

И така, еден ден во 2014 година решиле да остават сè зад себе, без да мислат кога повторно ќе се вратат во Аргентина. Од тука започнува одисејата на браќата Емилио и Леандро која сè уште се испишува и живее, откриваат тие за CRNOBELO.com.

ulichnite-artisti-emilio-i-leandro-za-crnobelo-com-vo-makedonija-nauchivme-pesna-od-toshe-sakame-da-gi-pravime-lugjeto-srekjni-.jpg

„Кога решивме да заминеме на ова наше патување, имавме некоја заштеда и прво се движевме од држава во држава. Баравме начини да поработиме некаде, да волонтираме, да помагаме во хостели, фарми, а за возврат да добиеме место за преноќување и храна. Притоа научивме како да свириме, пееме, да жонглираме и да правиме циркуски акробации, учејќи од артистите кои ги запознававме. Тие луѓе нè охрабрија да изведуваме улични перформанси и така денес сме улични уметници кои живеат од тоа“, раскажуваат за CRNOBELO.com близнаците, кои посетиле повеќе од 40 држави во светот, на 4 континента, патувајќи со својата музика и циркуско шоу.

bliznacite emilio i leandro od argentina 7 godini patuvaat niz svetot i so nivnite nastapi sakaat da gi pravat lugjeto srecni 11

„Имавме многу интересни моменти за време на нашите патувања. Кога пред неколку години бевме во Украина одлучивме да одиме во Русија и да останеме три месеци. Таму патувавме со трансибирска железница и пристигнавме до Урал. Потоа одлучивме да го посетиме Сибир и продолживме за Јапонија, цело време патувајќи со воз. Никогаш не планиравме за ова, ниту сонувавме, но животот ни ја даде можноста што едноставно не постоеше шанси да ја пропуштиме“, се сеќаваат Емилио и Леандро.

bliznacite emilio i leandro od argentina 7 godini patuvaat niz svetot i so nivnite nastapi sakaat da gi pravat lugjeto srecni 15

За сите овие годините додека патуваат, близнаците немале некои големи непријатности, ако не се бројат повредите кои ги спречувале да не можат да настапуваат по неколку недели.

Во Јапонија и Тајланд имале проблеми со јазик, таму ретко кој зборувал англиски, па морале да научат нешто од нивните јазици за да бидат во можност да се разберат со публиката.

Кога започнал целиот хаос со корона вирусот, Емилио и Леандро се наоѓале во Турција и морале да останат 7 месеци, не можејќи да патуваат во други држави.

Првите неколку месеци им било тешко, посебно што најголем број од луѓеto биле исплашени и имале тешкотија да ги задржат на едно место додека настапувале на улица.

Кога на дозволата за престој ѝ се ближел крајот, отвориле мапа и сфатиле дека немаат многу опции, па така се одлучиле за Србија.

bliznacite emilio i leandro od argentina 7 godini patuvaat niz svetot i so nivnite nastapi sakaat da gi pravat lugjeto srecni 18

Слетале во Белград без да им побараат негативен тест, но по неколку дена мерките почнале да се заоструваат, угостителските објекти се затвориле, но и покрај сите препреки, уживале, поради тоа што во тој даден момент тоа било реалноста на светот.

Исто сценарио им се случило и по пристигнувањето во Македонија, стасале кога полицискиот час почнувал рано. На почеток сите биле воздржани спрема нив, не сакале да им ги отворат вратите од своите домови, но успеале да запознаат луѓе со кои се спријателиле.

Во Скопје престојуваа скоро два месеца и живееле во изнајмен стан. Македонскиот ајвар, заедно со бурек и тавче гравче се јадењата кои постојано ги јаделе.

bliznacite emilio i leandro od argentina 7 godini patuvaat niz svetot i so nivnite nastapi sakaat da gi pravat lugjeto srecni 16

Кога и да се најдат во некоја нова држава, Емилио и Леандро имаат навика да научат по некои основни фрази за комуникација и секогаш учеле по една песна која ја изведуваат на нивните настапи. Во Македонија ја научија „Ледена“ од Тоше Проески.

„За време на нашиот престој успеавме да увидиме дека Македонците се по малку срамежливи и не ги покажуваат отворено своите емоции, а ние сме спротивност од тоа. Многу сме емотивни, се смееме, плачеме и не се плашиме да го правиме сето ова пред другите. Едноставно сакаме да инспирираме и да покажеме дека постои нешто поразлично.

Да видат луѓето дека постои и друг начин на живот, кој не е поврзан со работа во канцеларија. Ние немаме дом, немаме автомобил, ги имаме само нашите ранци и не ни треба ништо повеќе од ова“, раскажуваат близнаците кои сакаат да ги прават луѓето среќни и да покажат дека контактот со уметноста е многу важно за секое битие.

bliznacite emilio i leandro od argentina 7 godini patuvaat niz svetot i so nivnite nastapi sakaat da gi pravat lugjeto srecni 17

Додаваат дека за време на нивните настапи посебно ги радуваат децата кои цело време се озарени со насмевка на лицето, ракоплескаат, довикуваат, а многу често се пријавуваат и како волонтери за да им се приклучат во изведбите.

По завршувањето сите сакаат да се сликаат и да пробаат некои од триковите што ги воодушевуваат. А, публиката најмногу се радува кога близнаците ќе им се обратат на јазикот кој се зборува во земјата каде што се наоѓаат. Со тој гест како да се прекршуваат бариерите и се остварува уште подлабока конекција помеѓу двете страни.

Последните денови од престојот во Македонија им беше исполнет со многу дружби, настапуваа на настанот „Качи се со ѕвездите со Стела и Сани“ во Градски парк на Школка, каде и деца и возрасни будно го следеа нивното шоу.

Го посетија и Куманово, каде, за жал, малку се разочараа, зашто по завршување на нивниот настап, неколку деца им украдоа дел од парите кои беа оставени во нивната шапка.

Но, вториот настап во самиот центар на Куманово ги расположи присутните, кои излегуваа од околните кафулиња за да го проследат настапот. Вакво нешто му фалеше на градот.

bliznacite emilio i leandro od argentina 7 godini patuvaat niz svetot i so nivnite nastapi sakaat da gi pravat lugjeto srecni 14

Во недела наутро (6-ти јуни 2021) со сета своја опрема се збогуваа со Македонија и ја продолжија својата одисеја во Анталија, каде ќе престојуваат цело лето.

До октомври знаат дека ќе бидат таму, после тоа ќе одлучат како и каде ќе продолжат со испишување на нивната животна приказна.

bliznacite emilio i leandro od argentina 7 godini patuvaat niz svetot i so nivnite nastapi sakaat da gi pravat lugjeto srecni 13

bliznacite emilio i leandro od argentina 7 godini patuvaat niz svetot i so nivnite nastapi sakaat da gi pravat lugjeto srecni 13

bliznacite emilio i leandro od argentina 7 godini patuvaat niz svetot i so nivnite nastapi sakaat da gi pravat lugjeto srecni 13

 

BeFunky collage

BeFunky collage

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg