Најчесто поставувани прашања за импланти во градите со д-р. Роберт Стојовски, пластичен хирург (18+)

Имплантите на градите е една од почестите операции во пластичната хирургија. Дали од естетски или медицински причини, голем број жени се одлучуваат на ваков тип интервенција.

najchesto-postavuvani-prashanja-za-implanti-vo-gradite-so-d-r-robert-stojovski-plastichen-hirurg-01.jpg

Најчестите прашања на оваа тема ни ги одговори д-р. Роберт Стојовски, спец. пластичен хирург.

Која е „идеална“ кандидатка за импланти во градите? Дали постои препорачана возраст или здравствена препорака?

Идеална пациентка е секоја онаа жена која сака да изгледа поубаво, посамоуверено и поженствено. Секако кај бремени и жени кои дојат не би можела да се изврши интервенцијата, најдобро е да има 6 месеци по завршување со доење. Определена возраст - над 18 години.

Какви прегледи е потребно да се направат пред операцијата?

Пред операција потребно е да се направи ехо на гради, Екг, лабораториска анализа и анестезиолошки преглед и секако преглед од хирургот за да се договори големината на имплантите.

Какви видови на импланти постојат?

Имплантите со кои што јас работам се Ментор импланти, истите имаат доживотна гаранција од фабриката и се најдобри во светот. Од истите има округла или рам форма и форма на солза-ЦПГ.

Од нив има различни големини и проекции кои што се одбираат зависно од корекцијата која треба да се направи.

Што кога пациентката нема доволно еластична кожа?

Доколку пациентката нема доволно еластична кожа, се става имплантот под мускул и со помала големина - онолку колку што ни дозволува просторот.

Колку време трае зафатот и каква анестезија се практикува?

Се работи во општа анестезија околу 90 минути.

Дали е потребна хоспитализација по операцијата?

Пациентката останува една вечер во болничка установа, другиот ден се пушта на домашна нега со цел што побрзо да се врати на нормалните секојдневни активности.

Дали имплантите пречат за време на бременост и доење? Дали е подобро операција на гради да се направи пред или по бременост?

Операцијата може слободно да се изврши пред бременост и доење. Доколку се ставени имплантите под мускул не се повредуваат млечните канали. Тие не пречат за време на бременост и доење.

Што кога пациентката не е задоволна од резултатот? Дали постои опција за корекција и после колку време може да се изведе?

Да, секогаш постои опција за корекција. После 6 месеци може да се коригира. Јас се трудам да нема потреба од такво нешто.

На следната страна за тоа дали остануваат белези на градите, дали има болка и како се регулира и дали може да влијаат на чувствителноста на градите...



Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg