Интервју со Стефанни, Бразилка омажена во Кавадарци: „Мојот сопруг го запознав на брод, а и моите родители сакаат да се преселат во Македонија“

„Живеев во Сао Паоло, еден од најголемите градови во Бразил. Сао Паоло е град во кој начинот на живот е многу брз, a во Македонија сѐ е побавно, побезбедно, се минува повеќе време со пријателите, има зеленило и спокој, а најомилено ми е што има и снег“, вели 31-годишната Стефанни.

intervju-so-stefani-brazilka-omazhena-vo-kavadarci-mojot-soprug-go-zapoznav-na-brod-a-i-moite-roditeli-sakaat-da-se-preselat-vo-makedonija-01.jpg

Стефанни Дантас Нунес (31) од Сао Паоло, Бразил, работела како асистент менаџер во продавница на бродската компанија МСЦ, каде го запознала својот сегашен сопруг Македонец. Нивното пријателство за кусо време се претворило во љубов и тоа ја натерало за првпат во животот да дојде во Македонија.

Во нашата држава се вљубила на прв поглед, а веќе 7 години живее во Кавадарци, а од пред извесно време работи како онлајн новинар.

За впечатоците за Македонија, но и навиките на луѓето од нејзиниот роден Бразил таа проговори за CRNOBELO:

Колку време живееш во Македонија и што те доведе тука?

Во Македонија сум од 2013 година, односно веќе 7 години сум тука. Го сретнав мојот сопруг на брод, бев многу уверена во нашата љубов и љубопитна да ја истражам неговата култура и Македонија. 

intervju-so-stefani-brazilka-omazhena-vo-kavadarci-mojot-soprug-go-zapoznav-na-brod-a-i-moite-roditeli-sakaat-da-se-preselat-vo-makedonija-03.jpg

Како се запознавте со партнерот и колку беше тешко да се одлучиш да го напуштиш Бразил?

Го запознав мојот сопруг на мојот втор договор на брод, уште од првиот ден се спријателивме, но тоа пријателство не траеше долго. По само еден месец почна нашата љубовна авантура. Бевме пет месеци заедно.

По нашиот договор, јас морав да се вратам во Бразил, а мојот сопруг во Македонија. Останавме три месеци разделени, со секојдневни разговори преку Skype. Немавме намера да се вратиме на брод, па одлучивме јас да дојдам во Македонија.

По три месеци престој во Македонија ми беше многу тешко да ги спакувам моите куфери за да се вратам назад во Бразил, така што одлучивме да се венчаме.

intervju-so-stefani-brazilka-omazhena-vo-kavadarci-mojot-soprug-go-zapoznav-na-brod-a-i-moite-roditeli-sakaat-da-se-preselat-vo-makedonija-18.jpg

Во почетокот ми беше многу тешко да бидам далеку од мојата фамилија на сосема друг континент и држава и различна култура, но бев многу добродојдена од моите свекор и свекрва и од пријателите на мојот сопруг, па тие ми помогнаа многу да се чувствувам добро и до ден денес тие се мојата втора фамилија. 

intervju-so-stefani-brazilka-omazhena-vo-kavadarci-mojot-soprug-go-zapoznav-na-brod-a-i-moite-roditeli-sakaat-da-se-preselat-vo-makedonija-02.jpg

Прв впечаток за Македонија ти беше...

Мојата прва импресија од Македонија уште кога слетав во Скопје беше позитивна. Ме обзема зеленилото и мирот кој го почувствував. 

intervju-so-stefani-brazilka-omazhena-vo-kavadarci-mojot-soprug-go-zapoznav-na-brod-a-i-moite-roditeli-sakaat-da-se-preselat-vo-makedonija-13.jpg

Дали лесно го совлада јазикот?

Не, јазикот ми беше најголема бариера, а до ден денес уште се мачам со некои зборови затоа што азбуката е кирилица, не латиница, ми беше тешко да го совладам. Посетував часови по македонски јазик, ми помогнаа многу, денес можам да разберам скоро сѐ, но малку потешко ми е да одговорам.

intervju-so-stefani-brazilka-omazhena-vo-kavadarci-mojot-soprug-go-zapoznav-na-brod-a-i-moite-roditeli-sakaat-da-se-preselat-vo-makedonija-12.jpg

Во Македонија најмногу ти се допаѓа...

Најмногу што ми се допаѓа е мирната атмосфера, исто така дека можам слободно да излезам во било кое време, и да се чувствувам безбедно. Плус, обожавам зимно време кога има снег - за мене е како да сум во бајка.

intervju-so-stefani-brazilka-omazhena-vo-kavadarci-mojot-soprug-go-zapoznav-na-brod-a-i-moite-roditeli-sakaat-da-se-preselat-vo-makedonija-16.jpg

Во Македонија најмногу те нервира...

Македонија е многу убава и мала земја, штета е тоа што сѐ повеќе и повеќе од младата популација се иселуваат, ме нервира тоа што финансиите тука се многу мали за еден нормален брачен пар да живее нормално.  

intervju-so-stefani-brazilka-omazhena-vo-kavadarci-mojot-soprug-go-zapoznav-na-brod-a-i-moite-roditeli-sakaat-da-se-preselat-vo-makedonija-11.jpg

Како се снајде на професионално поле? Дали работиш? Среди ли документи?

Беше многу тешко да се снајдам со работа поради ситуацијата со корона вирусот и фактот дека до пред некоја седмица немав никакви документи.

Конечно добив македонско државјанство и сум многу среќна поради тоа. Моментално работам како новинар во онлајн весник.

intervju-so-stefani-brazilka-omazhena-vo-kavadarci-mojot-soprug-go-zapoznav-na-brod-a-i-moite-roditeli-sakaat-da-se-preselat-vo-makedonija-09.jpg

Колку е скап летот од Македонија до Бразил? Си одиш ли често, доаѓаат ли твоите на посета?

Зависи во кој период од годината патувате, авионскиот билет се движи од 700 до 1.000 евра. Се трудам да одам барем еднаш годишно, но сега поради пандемијата оваа година останавме во Македонија.

Досега само еднаш моите родители имаа можност да дојдат во Македонија и им остави многу позитивен впечаток што и тие сакаат една ден да дојдат да живеат овде.

intervju-so-stefani-brazilka-omazhena-vo-kavadarci-mojot-soprug-go-zapoznav-na-brod-a-i-moite-roditeli-sakaat-da-se-preselat-vo-makedonija-21.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Младен од Валандово: „Почнав како чистач, денес сум директор на брод, таму ја запознав сопругата од ... „Претходната година се венчавме во Македонија, имавме прекрасна свадба, но ги ис...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
„Сѐ уште има многу родители кои веруваат дека 'ќотекот е излезен од рајот'”– Интервју со Елена Грама... „Доколку ви дојде гостин дома и истури вино на тепих, како ќе реагирате? Сигурно...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg