Интервју со Стефанија Димеска (27), најмладата жена пилот во Македонија: „Нашата држава е прекрасна гледана одозгора“

Си возела ли пријатели?

Да, имам летано со моите пријатели и пријателки, и до сега сите имале многу позитивни искуства, што ме радува. Ме поддржуваат и се горди на тоа што го правам.

Знаеме понекогаш да отидеме до аеродром и само да уживаме во мирот и тишината која ја нуди.

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-05.jpg

Вљубеничка си во спортот, кои спортски активности ги практикуваш?

Да сум, од мали нозе нешто тренирам. Моментално практикувам кросфит и јога. Пасија ми е и Кунг фу и одбојка.

Зимно време одам на скијање и ми е еден од омилените зимски спортови. Понекогаш знам да отидам и на пливање, а за време на летото обожавам нуркање.

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-03.jpg

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-33.jpg

Најинтересни посетени дестинации досега …

Најинтересни посетени дестинации ми се спортските аеродроми во другите држави во кои сум била. На пример во Црна Гора, Албанија. Исто така и приморските земји гледани одозгора, тоа се прекрасни и неверојатни глетки.

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-16.JPG

Што си посакуваш за 10 години на поле кариера?

Па не е баш краток период тоа, но си посакувам да се видам таму каде што ми е целта, вработена во патничка компанија, стационирана во друга држава.

Да работам супер и напорно, да стигнам до капетанска позиција. Да бидам ценета и почитувана од колегите, а најмногу од сè среќна за тоа што сум постигнала таму каде што сум!

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-18.JPG

Повеќе фотки од Стефанија во галеријата:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Сања Лефкова: „Работам како професор по музика во Дортмунд, не знам дали требаше да ја напуштиме Мак... Eдна од нејзините најпознати песни беше „Лијат години“, а денес со својот сопруг...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
„Прљаво казалиште“ за CRNOBELO: „Во Прилеп скршив рака, тоа е ‘спомен’ од Македонија што ќе го памта... „Песната Marina е наша 'лична карта' последниве години. Уште пред концерт н...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg