Интервју со Стефанија Димеска (27), најмладата жена пилот во Македонија: „Нашата држава е прекрасна гледана одозгора“

Си имала ли непријатна случка при некој лет?

Непријатна случка при лет сум имала да, но сум успеала да се снајдам добро и сум горда на тоа.

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-07.JPG

Како изгледа еден твој работен ден?

Па, доколку имам лет правам подготовка дента пред тој лет. Си подготвувам рута каде би летала, гледам време какво ќе биде, на појдовниот и дојдовниот аеродром. Правам процена за времетраењето на летот, пресметки за гориво и тежина, или со други зборови „Mass and balance“. Читам повторно за авионот кој треба да го летам.

На денот на летот доаѓам одморена, си го подготвувам авионот и сите потребни предполетни проверки ги правам. Кога ќе дојдат пријателите за летање си разговараме да се опуштиме и потоа се подготвуваме сите и тргаме. Доколку немам лет, тогаш помагам во сервисот, во однос на документација и некои инженерски пресметки доколку има потреба.

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-12.JPG

Колку е од голема важност контролата на летање?

Контролата на летање е од круцијална важност бидејќи тие се луѓето кои нè водат низ воздушниот простор. Тие се другите очи и уши за нас.

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-11.JPG

Чувството кога си над облаците…

Доста често ми го поставуваат ова прашање, но никако не можам да го најдам вистинскиот одговор бидејќи е неописливо. Замислете си како се чувствувате кога сте со вашата омилена личност или кога ја јадете вашата омилена храна, го возите вашето омилено возило или мотор … Е тоа е тоа чувство, чувство на слобода и уживање!

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-10.jpg

Каква е Македонија кога ја гледаш одгоре? Што паѓа најмногу во очи?

Нашата земја е прекрасна гледана одозгора. Многубројни планини, котлини, полиња, разни бои во различно време од годината. Најмногу паѓаат во очи планинските врвови и котлините. Зима и снежните падини, есен со најубавите бои. Малите планински села, теченијата на реките.

Многу интересно ми е кога сум во воздух да ги „набљудувам“ селата одозгора, работниците по нивите, животните по пасиштата и некој пат децата кои ги поздравуваат авионите што поминуваат над нив.

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-09.JPG

Да не беше пилот, ќе беше …

Па, да не бев пилот ќе бев аеро инженер. Повторно нешто поврзано со авијацијата и инженерството. Ни таа опција не ми е исклучена со оглед на мојата професија, дипломиран машински инженер по мехатроника.

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-17.JPG

Колку копилотот е значаен при летот? Си имала ли конфликт со некого околу начинот на летање?

Копилотот е значаен исто колку и пилотот, не за џабе се и двајца пилоти во кокпитот на авионот. И двајцата имаат подеднакви активности со некои разлики во однос на функцијата, но сепак задачата е безбеден и удобен лет за сите.

Не можам да кажам дека сум имала конфликт бидејќи тоа е многу дискутабилно, но секогаш постојат разлики во летањето. Односно секој си има свој начин на летање. Не би го нарекла како конфликт, туку различен пристап и однос кон летањето.

intervju-so-stefanija-dimeska-27-najmladata-zhena-pilot-vo-makedonija-nashata-drzhava-e-prekrasna-gledana-odozgora-04.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Сања Лефкова: „Работам како професор по музика во Дортмунд, не знам дали требаше да ја напуштиме Мак... Eдна од нејзините најпознати песни беше „Лијат години“, а денес со својот сопруг...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
„Прљаво казалиште“ за CRNOBELO: „Во Прилеп скршив рака, тоа е ‘спомен’ од Македонија што ќе го памта... „Песната Marina е наша 'лична карта' последниве години. Уште пред концерт н...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg