Александра Ристовска: „Фудбалерките немаат криви нозе, а најтешкиот натпревар го имав во Шкотска“

Има само 24 години, а завидни успеси на поле фудбал. Како е да се биде фудбалерка во Македонија? Поразговаравме со талентираната Александра Ристовска која изгледа одлично и во дрес и копачки и на високи потпетици...

aleksandra-ristovska-jas-sum-dokaz-sum-deka-fudbalerkite-nemaat-krivi-noze-a-najteshkiot-natprevar-go-imav-vo-shkotska-01.jpg

Александра Ристовска (24) е вљубеничка во фудбалот која веќе 10 години го живее својот сон.

Таа е активна фудбалерка и капитен на ЖФК Тиверија од Струмица, исто така дел од сениорскиот национален тим; координатор и тренер во пионерско-младинската школа на ЖФК Тиверија Струмица и тренер во националната селекција до 15 години.

Инаку е дипломиран економист на Универзитетот Гоце Делчев како и носител на УЕФА А тренерска лиценца.

Александра за CRNOBELO.com открива кои се позитивните и негативните страни на тоа да се биде фудбалерка во Македонија...

Што значи да се биде жена фудбалер во Македонија? Постојат ли добри тимови, доброорганизирани првенства?

Фудбалот е најважната споредна работа во светот. Иако кај нас сè уште преовладува стереотипот „фудбалот е машки спорт“, можам да кажам дека почнуваме да добиваме внимание од луѓето кои го водат фудбалот што значително ни помага и нѐ мотивира. Жена фудбалер според мене се разликува од мажите фудбалери само физички.

Првенството во моментот ни е на просечно ниво. Има неколку подобри екипи меѓу кои се играат интересни натпревари и неколку доста слаби кои за жал како почетници мораат да влезат директно во Првата женска фудбалска лига бидејќи е единствена.

Во моментот првенството брои 14 екипи и се надеваме дека ќе се формира втора лига со што би го подигнале квалитетот на женскиот фудбал.

aleksandra-ristovska-jas-sum-dokaz-sum-deka-fudbalerkite-nemaat-krivi-noze-a-najteshkiot-natprevar-go-imav-vo-shkotska-09.jpg

Колку време се занимаваш со фудбал и дали некогаш си доживеала некоја повреда?

Со фудбал се занимавам скоро 10 години, а во последните 2 години паралелно и како тренер. Во Тиверија сум од самото формирање на клубот и навистина сум задоволна за досегашната соработка.

Досега не сум се соочила со некоја посериозна повреда, а за тоа сметам дека е заслужно квалитетното работење во клубот.

aleksandra-ristovska-jas-sum-dokaz-sum-deka-fudbalerkite-nemaat-krivi-noze-a-najteshkiot-natprevar-go-imav-vo-shkotska-04.jpg

Дали си играла фудбал против машки тим? Која е слабоста на мажите, а предноста на жените во фудбалот?

ЖФК Тиверија практикува играње на пријателски натпревари против машки во секој подготвителен период.

Мислам дека слабоста на мажите е што полесно се откажуваат земајќи предвид дека имаат и повеќе конкурениција, додека предноста на жените во фудбалот е што се доста инаетливи и не се откажуваат додека не го постигнат зацртаното.

Имаш мускулести фудбалерски нозе? Дали добиваш комплименти од спротивниот пол за тоа?

Мускулестите фудбалски нозе се резултат на долгогодишното активно тренирање. Да, често добивам комплименти од спротивниот пол и доста ми помагаат во убедувањето дека фудбалерките немаат криви нозе.

aleksandra-ristovska-jas-sum-dokaz-sum-deka-fudbalerkite-nemaat-krivi-noze-a-najteshkiot-natprevar-go-imav-vo-shkotska-05.jpg

Колку тренинзите влијаат да изгледаш фит? Какви вежби практикуваш?

Тренинзите се најбитни за формата на играчите. Предност е кога екипата е компактна односно сите играчи тренираат истовремено. Тиверија е клуб со стратегија за работа и сметам дека тоа е клучот за фит формата на играчите.

Тренинзите ни се дозирани зависно во кој период од сезоната се наоѓаме, исто така освен на стадион, тренираме и во теретана, особено во подготвителниот период.

aleksandra-ristovska-jas-sum-dokaz-sum-deka-fudbalerkite-nemaat-krivi-noze-a-najteshkiot-natprevar-go-imav-vo-shkotska-11.jpg

Дали членовите на твоето семејство некогаш сакаат да ги одмерат силите во фудбал со тебе?

Семејството е мојата најголема поддршка. Во последните 3 месеци тие беа мојот тим за тренинг по прекинот на сезоната поради Ковид-19.

aleksandra-ristovska-jas-sum-dokaz-sum-deka-fudbalerkite-nemaat-krivi-noze-a-najteshkiot-natprevar-go-imav-vo-shkotska-07.jpg

Дали во Македонија добро се заработува од фудбалот, може ли да се живее од тоа?

Финансискиот дел во машкиот и женскиот фудбал многу се разликува. Тоа е и причината што експертите се одлучуваат да работат во машкиот фудбал.

Фудбалерките и тренерите на Балканот најчесто работат паралелно со играњето фудбал. Но, сепак мислам дека одиме кон подобро и со тек на време ќе можеме да го доближиме женскиот фудбал до машкиот.

aleksandra-ristovska-jas-sum-dokaz-sum-deka-fudbalerkite-nemaat-krivi-noze-a-najteshkiot-natprevar-go-imav-vo-shkotska-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Александра Јорева Михајловски за ракот на матка: „Сопругот ми беше поддршка, синот сам на интернет д... „Син ми Максим, кога по последната хемотерапија виде дека косата ми расте и не п...
Каква мајка, таква ќерка – Нашите балерини Марија и Стефанија се доказ дека гените се чудо Балерините Стефанија Гаштарска (23) и Марија Крстевски (43) се доказ дека гените...
Водителката Александра Пановска Илиевска за љубовта со сопругот: „Ме запроси со прстен стуткан во ша... „Запросувањето се случи во Барселона, не ни сонував дека ќе успее да ме изненади...
Александра од Скопје 4-ти пат беше на финалето на Вимблдон: „Билетите се од 250£ нагоре, аплицирав у... „Доаѓањето на Кејт, принцезата од Велс, предизвика бран на возбуда меѓу публикат...
Филип Поповски беше делегат на ЕП 2024: „Ги запознав принцот Вилијам и Рајан Рејнолдс, снема пиво на... „Рајан Рејнолдс е фантастичен лик. На еден од натпреварите со Хју Џекмен правеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg