Интервју со Ана од Скопје, мајка на близначиња: „Вреди секоја жртва, секој пропуштен настан“
Дали е возможно да се заиграат еден со друг?
По навршување на една година започна нивната активна интеракција. Сега веќе играат, зборуваат, договараат завери.
Дали е можно да ги чуваш двајцата без помош?
Олег и Алексеј се позитивно темпераментни дечиња. Поседуваат енергија за 10 деца која ја трошат на игра, танцување, трчање, цртање, сложување и сл.
Мируваат само кога спијат. По навршување на 18-тиот месец веќе безбедно ги чувам сама.
Дали да се има брат близнак значи да се има најдобар пријател од раѓање?
Откако почна нивната интеракција тие се поттикнуваат и се бараат еден со друг. Од толку мала возраст се поддржуваат и помагаат кога не можат нешто да извршат индивидуално.
Иако немам сознанија за други близначки спојки, сведок сум на несекојдневна приврзаност и љубов која е на некое друго ниво.
Совет за сите мајки кои очекуваат близнаци? Како да се подготват?
На идните twins мамички би им препорачала да уживаат во бременоста и во дуплото друштво кое го носат со себе. Чувството е магично.
Воопшто да не ги загрижува пораѓајот. Радосни и со позитивна мисла да ги пречекаат малите ангелчиња. Најбитно е да обезбедат многу помош околу себе и ничија помош да не одбиваат никогаш.
Да уживаат со секое ново осознавање на малечките, да го паметат и документираат, но никогаш да не заборават на себе. Во тој океан од обврски да најдат барем еднаш во неделата време за себе.
Така ќе ја одморите психата и ќе бидете повесела и поинвентивна мајка. Па и децата сакаат расположена и убава мама, нели??
Фотки од Алексеј и Олег:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело