Филип Митевски работи во хотел во Германија: „Работиме 2 дена неделно и згрижени сме од државата“
- Детали
- среда, 01 април 2020
Талентираниот кумановец ни пренесува каква е ситуацијата во местото во Германија кадешто живее и работи.
Филип Митевски има 37 години, роден е во Куманово, а веќе 4 години живее во германското гратче Грисхаим.
Работи како food designer во сиџирот на хотели „Maritim“, a фотографиите од неговите дела се вистински рај за очите.
Со него проговоривме за ситуацијата со короната таму:
„Јас живеам во областа Хесен и состојбата е слична како и во другите делови од Германија. Во овој дел има 2.300 заболени, а економски најпогодени се угостителството и трговијата.
Тука работат само банките, аптеките и продавниците за прехранбени продукти, како и поштата и сѐ поврзано со неа.
Ние, за жал, работиме со скратено време затоа што сме хотел (конференциски кадешто доаѓаат гости од областа на бизнисот), туристи не се примаат и сите оние кои немаат потврда од фирма за престој не може да престојуваат.
Паниката мислам дека секаде е подеднаква, но мислам засега Германците добро се справуваат затоа што тука луѓето се дисциплинирани.
Работиме два дена во неделата, секако згрижени сме од финансиска страна со помош од државата и фирмата, така што останува да ги почитуваме препораките и секако да се придржуваме до нив за да помогнеме на самите себе и на другите.
Во Германија има други области кои се позагрозени и таму има поинакви мерки од тука.“
Прочитајте и Од златните раце на Филип Митевски: Неговите декорации со храна се вистинска уметност (фото)!
Моменталната ситуација во оваа германска област:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело