Мери Амбросова, скопјанка која љубовта ја одведе во Украина: „Секој викенд прават пикник, децата не јадат слатки и грицки до 3 години“
Како се справуваат со студените зими?
Оваа зима не беше ладно многу, но минатите две одеше и до -20°C. Имаат многу добро греење, низ дома се шетаат по кратки ракави и шорцеви, сите институции им се загреани и каде и да влезеш е топло.
Воздухот е чист, има многу убава природа, езера, паркови. Веднаш штом мајката си доаѓа дома после пораѓај почнува да го шета детето - на почеток по 10 минути па се зголемува до 2 часа.
На пролет и лето задолжително децата се надвор по два пати во денот, наутро и по ручек, а во зима по еднаш во денот.
Што е она што е најспецифично за луѓето таму?
Витки се, работливи, не се жалат, навистина немаат лесен живот, многу имаат страдано, но некако се позитивни.
Каков е животот за со дете?
Откако ќе се роди детето мајката е таа која е одговорна за него. Таа го воспитува, буквално е со него нон - стоп. Има развојни групи и задолжително е мајката да присуствува на истите.
Породилно имаат 3 години и не е воопшто платено. Кога ќе се роди детето даваат околу 400 евра и потоа секој месец по 30 евра.
Жената седи дома, таткото е на работа. Ако жената сака да работи тогаш мора да најде жена да го чува детето бидејќи градинките повеќето ги примаат од 3 години.
Има многу курсеви како да воспиташ дете, како да реагираш во дадени ситуавии и сите одат на нив. Има многу книги за развој за игри со деца. Навистина работат на тоа да пораснат стабилен човек.
Не даваат благи работи ниту грицки до 3 години. Пијат многу компоти.
На твојот Инстаграм профил со задоволство споделуваш секојдневни згоди и незгоди со Марта. Како се справуваш со злите јазици на социјалните мрежи?
Кога ќе се решиш да водиш јавен профил на Инстаграм и да споделуваш секојдневие треба да си спремен и на критика, и на осуда и на сѐ.
Навистина имам огромна поддршка од мајки дури и од девојки, секојдневно добивам пораки како нешто научиле, се пронашле, споделуваат со мене настани, случувања, па и ако прочитаат нешто интересно ми праќаат.
Навистина сум горда на моите следбеници. Секако дека има и сеирџии но секаде ги има. Имав за два поста-настани за кој бев да кажеме негативно коментирана.
Но, сè е нормално и сè разбирам кога е во граници на нормала. А сè што е навредливо, арогантно, со доза на потсмев и кога се нема осет за другиот, тој е блокиран од моја страна.
Навистина многу малку се мисли на тоа кога се остава негативен коментар. Едноставно ако не се согласуваш или отиди надоле со прстот прескокни го постот, не го следи профилот. Многу е лесно.
На мојот профил има толку корисни работи што кога ме нападнаа ми беше криво зошто едноставно не мислеа како ќе влијае тоа на мене. Имаше луѓе кои како одвај да чекаа да ме покажат со прст.
Како настана Маратон со бебе и Моја фитнес мама?
Бидејќи многу се поправив во време на бременоста, а потоа никако не можев да ослабам, почнав да вежбам. Многу ми беше тешко да сум со вишок килограми бидејќи цел живот претходно бев слаба.
И така почнав да вежбам со фитнес програма која ми направи проблем. Имав дијастаз 3 прсти и не смеев да вежбам класични вежби за стомак. Бидејќи вежбав почна да ме боли кичма, резултати никакви, вежбав секој ден, се хранев нормално, но немав резултати.
Тренерот велеше да продолжам да вежбам. Од 3 прста мене дијастазот ми дојде до 4 со претходната програма плус болки во кичма - не можев Марта да ја кренам, еднаш не можев од кревет сабајле да станам.
Случајно на Инстаграм наидов на фитнес програма за после пораѓај. И таа ме спаси. За 21 дена намалив дијастаз од 4 на 2 прста и симнав 3kg. Тоа за мене беше како да сум добила на лото. И тогаш иако не бев ослабната решив дека ќе правам програма за македонските мајки.
Завршив курс за фитнес после пораѓај, курс за вежбање со дијастаз над 1,5 прст.
Разговарав со нутриционист, се согласи да направи мени и така го отворив профилот Моја Фитнес Мама на Инстаграм. Го објавив датумот за првиот „Маратон“.
И така почна сè... На мојот блог сега може да најдете и совети за деца и за фитнес и за исхрана. На Маратоните многу мајки ослабнаа, намалија дијастаз, сменија начин на исхрана, што навистина ме радува.
„Маратонките“ ги фалат програмите што е за мене доказ дека не згрешив што ги почнав иако можеби не бев искусна ниту бев во најдобра физичка форма. Тие ми се инспирација секој ден и за сите новитети кои ги подготвувам.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело