Семејство од Скопје живее на Сејшелите: „Цела година е околу 29°C, луѓето се опуштени и безгрижни... прекрасно е!“

Локални специјалитети кои секој би требало да ги проба?

Локалната кујна е најчесто со ориз, риба или месо. Генерално се јаде сѐ, има луѓе што јадат лилјаци, ајкули (делфините се забранети моментално инаку и нив ги јаделе), а има и луѓе што јадат желки иако се забранети и заштитени (затворија еден ресторан бидејќи најдоа месо од желка).

Имаат десерти кои што се прават од кокоси, банани, и се интересни да се пробаат. Имаат чипс од банани, мора да се проба, чипс од касава и од други овошја.

semejstvo-od-skopje-zivee-na-sejselite-cela-godina-e-okolu-29-stepeni-lugeto-se-opusteni-i-bezgrizni-prekrasno-e (1).jpg

Препорачувам да се пробаат локалните банани (малечките), многу се вкусни.

Исто така – локално манго е фантастично, го обожавам (ги има повеќе видови така што може да купите кисело и да не ви се допадне, гледајте да не е долгнавесто). Локалниот Passion Fruit исто мора да се проба.

Кои се најубавите плажи на Сејшелите?

Ги има премногу... На островот La Digue – Anse Source D’Argent е како од бајка. Прогласена е за најубава плажа во Африка. Мислам дека не се опишува со зборови, треба да се отиде и да се види.

semejstvo-od-skopje-zivee-na-sejselite-cela-godina-e-okolu-29-stepeni-lugeto-se-opusteni-i-bezgrizni-prekrasno-e-12.jpgAnse Source D’Argent

На островот Praslin – Anse Lazio, се спомнува како една од најубавите плажи на светот и навистина е преубава. На тој остров вреди да се спомне и Anse Georgette.

semejstvo-od-skopje-zivee-na-sejselite-cela-godina-e-okolu-29-stepeni-lugeto-se-opusteni-i-bezgrizni-prekrasno-e05.jpgAnse Lazio

Понатаму вредни за спомнување се Carana Beach, Beach Soleil, Beau Vallon, Petit Anse, Anse Major (за оваа плажа се пешачи скоро час преку прекрасни пејзажи, карпи прашума, пештера), Port Launay, Barbarons, Bai Lazare, Takamaka, Intendance, Anse Royale, Fairy Beach итн.

semejstvo-od-skopje-zivee-na-sejselite-cela-godina-e-okolu-29-stepeni-lugeto-se-opusteni-i-bezgrizni-prekrasno-e-13.jpgЗајдисонце на Sunset Beach

semejstvo-od-skopje-zivee-na-sejselite-cela-godina-e-okolu-29-stepeni-lugeto-se-opusteni-i-bezgrizni-prekrasno-e-20.jpgBai Lazare

Има и преубави водопади кои многумина не ни знаат дека им се на 100-200 метри пешачење.

Безбеден ли е животот на островите?

Генерално безбеден, но како и секаде треба да практикувате здрав разум – не оставајте вредни работи на плажа, заклучувајте врати и затворајте прозори доколку не сте дома. Криминал има секаде на светот. Доколку некој е пијан и конфликтен, тргнете се на страна.

semejstvo-od-skopje-zivee-na-sejselite-cela-godina-e-okolu-29-stepeni-lugeto-se-opusteni-i-bezgrizni-prekrasno-e-33.jpgMission Lodge - поглед на западниот дел на островот Махе

Какво е снабдувањето со Интернет на островите? Дали луѓето се опседнати со социјални мрежи како кај нас?

Еден од најголемите проблеми – многу бавен Интернет. Доколку пак се споредат цените со тие што ги плаќаме во Македонија, неразбирливо е каков е тој однос на цена и квалитет. Секој има Фејсбук и Инстаграм колку што гледам, како правило е дека мора да се има.?

Сејшелите се прогласени за место со најдобар квалитет на воздух во светот. Доколку сакате да дишeте со полни гради, и да осетите што беше тоа чист воздух, мора да ги посетите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg