Психологот Бојана Стојменовиќ: „Мајка, земи си пауза за себе од еден час - родителството е убаво, но тешко“

Голем дел од младите луѓе во Македонија се под огромен притисок затоа што сè уште немаат партнер, работата не ги исполнува или пак не се доволно успешни во улогата на родители... Проговоривме за тоа со психологот Бојана Стојменовиќ.

psihologot-bojana-stojmenovikj-majka-zemi-si-pauza-za-sebe-od-eden-chas-roditelstvoto-e-ubavo-no-teshko-01.jpg

Бојана Стојменовиќ вели дека да се биде психолог не значи само професионална определба, туку и животна определба и начин на живот. Карактеристично за неа е тоа што нема едно животно мото, туку си дава слобода да наоѓа постојано нови инспирации коишто ќе ја носат кон нови насоки давајќи ѝ можност да се спознае себеси и тоа им го препорачува и на своите клиенти.

„Не ме инспирираат само големи умови или пак познати светски личности, ме инспирираат и животните мудрости на луѓето коишто секојдневно ги запознавам. Интересно е да чекориш со отворен ум и срце, а најискрено уживам во тоа“, вели Бојана, основачот на проектот „Мој психолог“ кој наскоро ќе го прослави првиот роденден, а веќе ги освои симпатиите на јавноста.

Таа открива дека желбата за оваа професија се родила на интересен начин. „Уживам во филозофијата, книжевноста и уметноста, а психологијата на мозаичен начин успева да ми ги спои сите нив. Тука го најдов мојот предизвик и ми се роди љубовта кон оваа професија“.

„Изминатава година се случија интересни работи, растевме, градевме, се едуциравме, се развивавме, а најмногу од сè се дружевме. Верувам дека ова е само еден убав почеток на една интересна приказна. Главната мисија ќе остане иста - да се доближи суптилно психологијата до секој човек“, додава таа.

Младата амбициозна Бојана воодушевува со ентузијазмот кон својата професија, па затоа одлучивме да поразговараме со неа на теми кои ја мачат македонската младина.

„Како ќе одиме на психолог, срамота е, ќе нè видат, што ќе кажат луѓето“ … Дали во Македонија сè уште си патиме од ова?

Ме радува што отпорот „што ќе кажат другите“ постојано се намалува. Мислам дека тоа се должи пред сè поради нашата присутност и отвореност изминативе неколку години. Секако, не очекувам дека преку ноќ ова ќе исчезне или ке се смени, но сепак мислам дека кога проблемот (или состојбата) веќе ќе почне да го нарушува квалитетот на животот или секојдневното функционирање и кога психолошката помош е неопходна - секој човек би побарал помош од психолог.

Негирање на потребата од психолошка помош некогаш значи и негирање на самиот проблем, а тогаш личноста многу често стагнира во некое поле и не го живее животот со полни гради, а тоа негативно се рефлектира на целокупниот животен квалитет.

psihologot-bojana-stojmenovikj-majka-zemi-si-pauza-za-sebe-od-eden-chas-roditelstvoto-e-ubavo-no-teshko-06.jpg

Млада искомплексирана девојка, незадоволна од изгледот на телото, опседната со килограмите и со споредбата со другите… Кој е твојот совет?

Медиумите и социјалните мрежи имаат големо влијание и се тесно поврзани со незадоволството од сопствениот изглед кај младите луѓе. Никој не се презентира себеси со своето најлошо издание, никој не открива нешто негативно или лошо за себе, туку напротив, сите се обидуваат да се прикажат во најдобро светло. Љубовта кон себе и здравиот однос кон себе и сопственото тело треба да се учи и негува уште од мали нозе, а на тоа би требало да нè учат родителите. Љубовта и прифаќањето на себе некогаш може да биде и долготраен процес, но резултатите се долготрајни и драгоцени.

Има една техника којашто ја препорачувам многу често, а и лично ја користам. На најголемото огледало дома, секојдневно залепете по еден стикер на којшто ќе напишете што е она што најмногу го сакате/цените кај себе. Морате секој ден, во текот на еден месец, да залепите по еден стикер со различна особина (физичка/карактерна).

Секое утро пред да го започнете денот, кажувајте си позитивни афирмации во врска со особините коишто ги имате залепено. Кажувајте ги на глас и верувајте во нив. Ќе видите дека за еден месец, промената ќе биде воочлива. Девојки, почнете уште денес!

psihologot-bojana-stojmenovikj-majka-zemi-si-pauza-za-sebe-od-eden-chas-roditelstvoto-e-ubavo-no-teshko-02.jpg

Трауматична разделба на врска, плачење до раните утрински часови и мисла „Никогаш нема да пронајдам некоја како него/неа“… Кој е твојот совет?

Не постои среќна разделба од партнер, исто како што не постои ниту магично стапче со коешто негативните чувства ќе исчезнат. Сосема е очекувано и нормално да се јават емоции како што се лутина, бес, тага, разочараност и отфрленост. И не е страшно да се плаче, многу полошо е ако се потисне.

Јас верувам во тоа дека од секое негативно искуство можеме да извлечеме лична мудрост којашто ќе нè подготви за новите почетоци во животот.

Денес ретко кој води личен дневник, а јас навистина топло го препорачувам поради многу причини. Една од нив е дека можеме на автентичен начин да го следиме сопствениот раст и развој. Во овој случај, запишувајте: кои емоции ги носам во себе сега / кои би сакала да ги носам, кои особини ги сакав кај партнерот / кои особини не ги сакав, каква беше нашата комуникација / која беше мојата улога, дали да се стави крај на врската беше неизбежно, какво искуство ќе понесам со себе од оваа врска, кои промени ќе ги внесам во сопствениот однос во наредната врска итн.

psihologot-bojana-stojmenovikj-majka-zemi-si-pauza-za-sebe-od-eden-chas-roditelstvoto-e-ubavo-no-teshko-03.jpg

Дечко си ја мрази работата и го мачи мислата дека не успеал, дека не стигнал на местото на коешто си замислувал дека ќе биде на тие години… Кој е твојот совет?

Ако си ја мразиш работата-тогаш подобро најди друга работа, за којашто ќе имаш визија, цел и пасија. Ако мислиш дека не си успеал - направи ревизија на твојот план и пронајди ја причината, односно камчето на коешто се сопнуваш. Ако не си стигнал на местото на коешто си се замислувал дека ќе бидеш - зошто воопшто се ограничуваш со години?

Сите сакаме да ја работиме работата од соништата, сакаме брз успех, сакаме сигурност, но наспроти тоа се ограничуваме со години, заработени пари и со страв од неуспех. Секој човек има свој автентичен начин и со различна брзина се придвижува кон успехот. Не е важна брзината, ако сакаме успех којшто ќе биде долготраен и продуктивен.

Патот до успех во работата не е лесен, туку е процес кој од нас бара посветеност, жртва и трпение. Многу е поважно да ја најдеме работата којашто нас ќе нѐ прави среќни, работа за којашто имаме пасија, визија, цел и мотивација. Тогаш успехот е неизбежен.

psihologot-bojana-stojmenovikj-majka-zemi-si-pauza-za-sebe-od-eden-chas-roditelstvoto-e-ubavo-no-teshko-05.jpg

Млада мајка која страда од несоница затоа што смета дека не е доволно добра во улогата на родител, преголем е притисокот од сите страни, како да постигне, како другите успеваат… Кој е твојот совет?

Мојот совет би бил: -„Мајка, земи си пауза за себе од еден час. Испиј го твоето омилено кафе во тишина и прочитај ги следниве реченици.“

Да се биде родител е најубавата, а воедно и најтешката улога во животот. За таа улога треба да бидеме однапред подготвени и да обезбедиме мрежа на поддршка. Ова подразбира дека потребно е да се воспостават здрави семејни и лични граници, а на овој начин превентивно делуваме за да го намалиме притисокот „којшто доаѓа од страна“.

Поддршката од партнерот е значајна во однос на целиот родителски процес, затоа што ова е доживотна улога и потребна е функционална и здрава комуникација помеѓу родителите. Секако, мајката никогаш не треба да го тргне своето здравје на страна и треба да си обезбеди квалитетен сон и рекреација за себе.

psihologot-bojana-stojmenovikj-majka-zemi-si-pauza-za-sebe-od-eden-chas-roditelstvoto-e-ubavo-no-teshko-07.jpg

3 песни кои те расположуваат и во деновите кога животните бури ќе ти предизвикаат хаос во срцето и умот…

Chopin- Spring Waltz, Alphaville- Forever young, Parov Stelar- Jimmy’s gang и уште многу други…

3 филмови кои ти ја враќаат вербата дека животот е убав…

The Pianist, August Rush, The Pursuit of Happiness и македонски народни приказни, во недела наутро.

3 светски познати личности кои ти се поим за ментално силни луѓе…

Немам таква личност, но како што напоменав имам луѓе од секојдневниот живот и опкружување што ме инспирираат. Тоа е бабата којашто продава цвеќиња секој ден затоа што цвеќињата ја правеле среќна, една моја клиентка којашто неколку години храбро се бори со канцерот итн.

psihologot-bojana-stojmenovikj-majka-zemi-si-pauza-za-sebe-od-eden-chas-roditelstvoto-e-ubavo-no-teshko-04.jpg

3 книги кои ти го креваат духот и прават да веруваш со себе…

Моќта на сегашниот миг - Екарт Тол, Малиот принц- Антоан де Сент- Егзипери, Уметност на љубовта - Ерих Фром. Ооваа листа постојано се менува, но изминатава година на овие три книги се навратив неколку пати, па затоа ги издвоив.

3 работи кои ги правиш секогаш кога си тажна и сакаш да се чувствуваш подобро…

Договарам дружење со пријателите, земам четка и сликам според моментална инспирација и секако секогаш е тука партнерот како извор на најголема позитивна енергија за подобрување на расположението.

3 совети кои ти помогнале во животот…

„Секогаш верувај во себе дека можеш и ќе постигнеш или добиеш сè што ќе замислиш.“

„Учи, читај, едуцирај се, затоа што знаењето никој не може да ти го одземе.“

„Не е возможно да пораснеш и да останеш иста. Мораш да се менуваш и растеш постојано.“

Мудри мисли кои им ги кажуваш на сите во секое време…

psihologot-bojana-stojmenovikj-majka-zemi-si-pauza-za-sebe-od-eden-chas-roditelstvoto-e-ubavo-no-teshko-11.jpg

psihologot-bojana-stojmenovikj-majka-zemi-si-pauza-za-sebe-od-eden-chas-roditelstvoto-e-ubavo-no-teshko-10.jpg

psihologot-bojana-stojmenovikj-majka-zemi-si-pauza-za-sebe-od-eden-chas-roditelstvoto-e-ubavo-no-teshko-09.jpg

psihologot-bojana-stojmenovikj-majka-zemi-si-pauza-za-sebe-od-eden-chas-roditelstvoto-e-ubavo-no-teshko-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Полина Тасева: „Во битолското кабаре се пронајдов себеси, секое излегување на сцената е нов предизви... „На еден настап во кабарето снема струја и ние останавме во темница на сцената.&...
Светскиот шампион во танц Анди Исмаили (14): „Наставничка ме исмеваше јавно, најдов начин да се спра... „Учителка ме исмеваше за моето танцување, но веќе нема да ѝ дозволам да ми ги зе...
Анде Јанков, автор на крими романи: „Скопје го претставувам што е можно пореално, пишувањето насилни... „Привилегијата да сум меѓу првите македонски автори на крими-романи е нешто што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg