Актерката Ирена Илиевска: Со непријателот секогаш играј на негов терен!

Габриел Гарсија Маркес е нејзиниот омилен писател, а секоја препрека во животот ја гледа како инспирација да биде посилна наредниот пат.

akterkata-irena-ilievska-so-neprijatelot-sekogash-igraj-na-negov-teren-001.jpg

Секогаш одмерена со насмевка на лицето и шарм што плени, актерката Ирена Илиевска е вистински мелем за очи и душа.

Ирена моментално работи на снимањето на 5-тата сезона од Македонски народни приказни на Канал 5 телевизија, а веќе трета година предава во училиштето за театар „Од игра до претстава“.

Последен во нејзината низа ангажмани е филмот на Јани Бојаџи „Здивот на ангелот“, а наскоро ќе биде дел од една нова театарска претстава за која сè уште не сака да ги открива деталите.

Има дипломирано на Факултетот за драмски уметности, отсек актерска игра, и вели дека тоа е нејзината професија од соништата.

Проговоривме со неа во поглед на тоа што ја инспирира во живoтот и најдобрите совети што ги добила досега:

Животно мото...

Немам едно, сигурно. Малку е бесмислено само една реченица да те води цел живот, можеби може во еден период од животот, но по некое време или би ја замениле или би ѝ додале и други.

Еве неколку од тие што најмногу ме „држеле“:

„Ништо не е тешко, ако се сака“

„Вистината боли, но тоа не значи дека лагата лекува“

„Вистинската љубов ги сака маните на другиот, не само неговите доблести“.

akterkata-irena-ilievska-so-neprijatelot-sekogash-igraj-na-negov-teren-02.jpg

Совет што би си го дала на помладата верзија од себеси...

„Насмевни се малечка, тоа што нема да те убие ќе те направи посилна.“

Најдобриот совет што си го добила во животот...

„Со непријателот секогаш играј на негов терен, со негова топка, по негови правила.“

Најинспиративен филм/серија/книга...

Повеќе гледам серии отколку филмови. Во последно време има одлични серии, но „Westworld“ ми остави силен впечаток.

akterkata-irena-ilievska-so-neprijatelot-sekogash-igraj-na-negov-teren-03.jpg

Книгата „100 години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес сè уште ми е на врвот. Станува збор за неповторлива авантура со преку 100 ликови во една приказна.

akterkata-irena-ilievska-so-neprijatelot-sekogash-igraj-na-negov-teren-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg