Елементал: Ние сме навикнати на загрепско сивило, македонското сонце ни ги полни батериите!

elemental-nie-sme-naviknati-na-zagrepskoto-sivilo-makedonskoto-sonce-ni-gi-polni-bateriite-1.jpg

Како почна целата приказна во далечната 1998-ма, кои се Елементал денес, што се случуваше овие години, што да очекуваме на 18-ти овој месец и многу повеќе, ексклузивно дознавате во интервјуто на Елементал за Црнобело.

18 години Елементал, замислувавте ли некогаш дека ќе стигнете до полнолетство?

Шот: Навистина ништо од сето ова не замислувавме кога почнувавме. Само ни беше важно да создаваме музика која на нас ни одговара и нормално добро да се забавуваме. Годините поминуваат, а не ни забележуваш колку брзо се случува тоа. Не се уморивме, можеме уште 18 години!

https://www.youtube.com/watch?v=AvpkIZqWdVU

Какви беа почетоците? Се случуваше ли да помислите да се откажете?

Реми: Почетокот беше уште во 1998-ма година кога првпат се собравме. Првиот албум го објавивме во 2000-та година, за кој Шот ги направи инструменталите. Во меѓувреме, некаде во 2001-ва почнавме да настапуваме со бенд, а во 2003-та одлучивме да направиме бенд во полн состав.

Тогаш Гордан Радочај – Инк излезе од бендот, па јас и Шот во 2004-та го направивме албумот „Male stvari“ кој во целост беше отсвирен. Потоа, не ја менувавме значително поставата, и во просек на секои две до три години објавуваме по еден албум.

Нашиот последен албум „Tijelo“ е објавен во 2016-та. Во текот на овие 19 години навистина имаше секакви интересни моменти меѓу нас, но секогаш останувавме еден покрај друг, бидејќи и покрај музиката нас нè поврзува и пријателството.

elemental-nie-sme-naviknati-na-zagrepskoto-sivilo-makedonskoto-sonce-ni-gi-polni-bateriite-3.jpg

Како изгледаше првиот настап пред 10 години во Скопје во Ваше сеќавање?

Шот: Нашиот прв настап во Скопје беше едно неверојатно искуство! Не знаевме што да очекуваме. Тоа беше кон крајот на август месец и допатувавме навечер, односно еден ден пред концертот. Организаторите ни рекоа дека е најдобро следниот ден да останеме во хотел и да не излегуваме.

На нас тоа ни изгледаше глупаво, бидејќи навистина сакавме да излеземе и да го видиме градот. Но, кога се разбудивме сфативме за што зборуваат, температурата надвор беше 47 степени. Тоа никогаш го немавме доживеано.

Потоа следеше вториот шок - храната е феноменална! Се сеќавам дека се убивавме од јадење по ресторани. Тој вкус! Па тоа кај нас го нема! И нормално, настапот – голем клуб, на отворено, премногу луѓе. Неверојатно!  

Што е тоа што секогаш ќе Ве враќа во Скопје? Храна, луѓе, некое посебно место?

Реми: Скопје е прекрасен град, не знам што ми е најубаво тука - климата, храната или луѓето. Климата е прекрасна, секогаш кога сме доаѓале било убаво времето, а тоа нас ни ги полни батериите, бидејќи ние сме навикнати на она загрепско сивило.

Не е залудно ставено сонцето на македонското знаме! Луѓето се многу дружељубиви и гостопримливи, секогаш се добри со нас. Никогаш не сме имале негативно искуство. А, храната? 

Па да речеме вака - ако живеам во Скопје, сигурно би имала барем 5 килограми повеќе, бидејќи не можеш да одолееш на таков вкус. Јас не знам како некој може да држи диета во Скопје, хаха.

elemental-nie-sme-naviknati-na-zagrepskoto-sivilo-makedonskoto-sonce-ni-gi-polni-bateriite-4.jpg

Можете ли да издвоите некоја интересна случка од настап во Скопје?

Шот: Инаку, една од нашите најинтересни приказни со фанови во Македонија го носи името Марија Кипријанова. Ова е девојката која беше на секој наш концерт во Македонија, па и надвор од Македонија. Од верен фан, таа денес стана најдобра пријателка со сите нас.  

Со кого би соработувале од Македонија? Сте размислувале ли на таа тема?

Реми: Не ја познавам толку добро македонската сцена, тоа е дефинитивно нешто кое морам подобро да го истражувам и нормално ќе Ви кажам.

elemental-nie-sme-naviknati-na-zagrepskoto-sivilo-makedonskoto-sonce-ni-gi-polni-bateriite-5.jpg

Што е следно од Елементал?

Шот: Подготвуваме нови песни. Уште не знаеме кога ќе почне сето тоа малку посериозно да се работи, па да се снимаат и материјали за нов албум, но по последниот „Tijelo“ кој беше дупли албум, повторно се врати желбата да создаваме нови материјали.

И нормално, големи се плановите за летната сезона – фестивали, концерти, патувања. 

Што да очекува Македнската публика на 18-ти? Откријте ни бар нешто?

Реми: Очекувајте многу добра музика - ќе ве однесеме назад низ време низ сите овие 19 години и ќе ги отсвириме нашите најголеми хитови, но ќе Ви ги претставиме и песните од новиот албум.

Ќе има за секој по нешто, сигурна сум дека никој нема да си замине незадоволен. Сега останува на публиката да ни возврати со позитивна енергија и тоа ќе биде концерт за паметење.

Автор: Сања Стојковска
(c) CRNOBELO.com

Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg