Ана Атанасиа од Неготино: „Бев на Модната недела во Париз со ВИП клиентка од Дубаи за да ја шминкам - таа ми обезбеди сè“
Но, не беше само за ревиите.
Пред и по секоја ревија, имаше бескрајно интересни моменти — луѓето што ги среќавав, гостите кои беа меѓу најголемите имиња во модната индустрија, шанса да разговарам со луѓе кои создаваат историја во оваа индустрија.
Ах, Париз… Секогаш е волшебен, но во текот на Модната недела, градот добива уште поинаква енергија.
Шетајќи низ улиците, низ Champs-Élysée Saint-Honoré, Avenue Montaigne, гледаш беспрекорно облечени луѓе, лимузини што ги носат гостите на ревиите, модни фотографи насекаде…
Можеш да застанеш во некое мало кафуле и додека го пиеш кафето, покрај тебе да помине некоја светска модна икона.
Еден од најубавите моменти беше и храната, не можеш да бидеш во Париз, да не уживаш во француската кујна.
Освен што работев и присуствував на сите настани, имав можност да поминам квалитетно време во Париз со мојата сестра.
Секој ден беше нова гастрономска авантура — од појадок сo топли кроасани и кафе во малите париски кафулиња, до вечери во ексклузивни ресторани со неверојатни вина.
Французите знаат како да уживаат во животот, и јас навистина ја впив таа атмосфера.
Ова искуство беше повеќе од инспиративно, ми даде чувство дека сум на вистинскиот пат, дека мојот труд и талент ме носат до највисокото ниво во оваа индустрија.
Работењето со клиенти кои се навикнати само на најдоброто, нивната доверба во мене како нивен мејкап артист, и фактот дека бев сведок на оваа магија од најблиску… тоа е нешто што нема цена.