Проф. д-р Васил Илиев: „Со често празнење на мочниот меур се намалува неговиот капацитет“

Што е уринарна инконтиненција? Дали е честа и вообичаена појава?

Континенцијата претставува физиолошко, нормално полнење на мочниот меур, кој меѓу две празнења е комплетно сув, односно не доаѓа до истекување на урина.

Инконтиненција е спротивното, односно кога доаѓа до губење на урина, не по желба, не по чувство на потреба за уринирање, туку станува збор за неволно, неконтролирано мокрење поради разни причини. Ова е сложен термин.

Ќе се запрепастите ако ви кажам дека, според едно претходно испитување на девојки гимназијалки, се покажа дека околу 27% имале момент на неволно истекување на урина.

prof-d-r-vasil-iliev-so-chesto-praznenje-na-mochniot-meur-se-namaluva-negoviot-kapacitet-04.JPG

Какви сè типови на интконтиненција постојат?

Практичен проблем е неадекватна дијастола на мочниот меур. Има повеќе категории според причините поради кои настанува тоа неволно истекување на урината.

Најчеста е истекување при покачен интраабдоминален притисок којшто се пренесува лесно во широката женска карлица.

Женската карлица е волуменозна, поради репродуктивните капацитети и сите сили на притисок коишто се создаваат во карличната шуплина, по закон на физика прави еден фокус на делување, кој коинцидира со позицијата на мочниот меур и предниот вагинален зид, бидејќи кога сме се исправиле од квадрипедална позиција во бипедална позиција сите органи доживеале антипонирање и мочниот меур дошол во фокусот.

Сите органи во нашето тело се на нешто легнати или се на нешто обесени и сите тие два модалитета на фиксација, таканаречена, не апсолутна, доживуваат физиолошка динамика.

Кога фокусот на сила делува, се зголемува интрауретралниот притисок и се обезбедува континенција. Кога тоа не е реализирано синхроно, со зголемување на интраабдоминалниот притисок, тоа значи кашлање, смеење, трчање, па дури и сексуални односи, некогаш, доаѓа до неволно истекување на урина, познато како стрес инконтиненција на урина.

Тоа е најчеста причина за проблематиката кај жените во однос на инконтиненцијата.

Втора голема група е неволно истекување на урина поради несинхронизирана контракција, стегање на мускулатурата на мочниот меур.

Значи, пациентката не може да ја контролира изненадната контракција на мочниот меур и таа итно мора да реализира уринирање. Тие жени, поради тоа народски кажано подмочување, живеат постојано со влошки.

Истото е и со првата категорија. Ова група се нарекува ургентна инконтиненција или нестабилен детрусор и се јавува од непозната причина, значи не постои невролошки испад којшто го оправдува тоа хаотично функционирање на мускулот на мочниот меур.

Кога постои невролошка причина, некое воспаление или повреден ’рбетен мозок или друго, тоа се нарекува неурогена бешика. Тоа се манифестира исто, ама етиологијата, причината е различна.

Покрај овие две големи групи, постои и мешана. Значи има пациенти коишто имаат и стрес инконтиненција и ургентна инконтиненција. Тоа е предизвик за решавање, оти се решава на два различни начини.

Стрес инконтиненцијата се решава оперативно, додека ургентната инконтиненција се решава фармаколошки. И честопати кога ќе се реши стрес инконтиненцијата, поради минимално поместување на спојот на мочниот канал со мочниот меур, доаѓање до големо коригирање и на нестабилниот детрусор. Затоа и треба да се прави тој редослед на решавање на проблемот.

prof-d-r-vasil-iliev-so-chesto-praznenje-na-mochniot-meur-se-namaluva-negoviot-kapacitet-02.jpg

Кои се третманите?

Во глобала се поделени на конзервативни и оперативни. Конзервативните се состојат од т.н. Кегелови вежби кои придонесуваат за јакнење на мускулатурата на карлицата и треба да се применливи од рана младост како превентива на урогенитални проблеми од аспект на пролапс и/или инкотиненција.

Тие вежби за жал не го решаваат веќе појавениот пролапс или инкотиненција на урината.

Оперативниот модел за решавање, денес во хирургијата која јас ја практикувам е прифатлив од редот на минимално инванзивен хируршки пристап. Тоа подразбира вагинален отвор од 7mm и поставување на полипропиленска трака која се поставува на местото под уретровезикалниот спој, којашто се инкорпорира и го имитира сфингтерниот механизам, го зајакнува тој механизам.

Суштината е што операцијата има успех над 96%, и пациентот веднаш или за еден ден си оди дома. Суштината е дека нема резови на абдоменот, не се отвора абдоменот и спаѓа навистина во минимално инвазивни процедури со траен ефект.

Тој е најадекватен пристап и денес во струката во светот важи за златен стандард процедура за решавање на стрес инконтиненцијата на урината.

prof-d-r-vasil-iliev-so-chesto-praznenje-na-mochniot-meur-se-namaluva-negoviot-kapacitet-07.JPG

Какво влијание има бременост врз органите во карлицата и кои промени можат да ги очекуваат жените?

Бременоста и породувањето, особено вагиналното породување, во голема мерка ги става на проба статичките капацитети на ткивата во малата карлица.

Најчесто жените со некој степен на пролапс на матката, вагината и/или мочниот меур имале вагинално породување, што не значи дека истото треба да се избегнува бидејќи тоа е најприроден и најбенефитен начин на породување за новороденото, а и за мајката во постпарталниот период од многу аспекти.

Колку често треба да се прават превентивни гинеколошки прегледи? Дали жените во Македонија ги прават доволно често и како може да се едуцираат повеќе на оваа тема?

Редовни прегледи треба да се прават барем еднаш во текот на годината и, се разбира, секогаш и веднаш доколку има некој здравствен проблем.

Токму вакви интервјуа и написи се начин преку кој ќе се едуцираат жените за корисноста на редовната проверка а ур-гениталното здравје.

Зошто не треба да се воздржуваме кога имаме потреба за уринирање, кои се последиците од ова? А, кои се ризиците од одењето во тоалет „за секој случај“ (пример пред да излеземе од дома), кога немаме силна потреба?

Мочниот меур е резервоар за колекција на урината и за да ја исполнува својата функција, треба редовно да биде полнет до оптималното ниво.

Со пречесто празнење на мочниот меур се губи неговиот реален капацитет односно се намалува истиот, па така следи состојба кога жената ќе треба особено често да уринира, што го руши квалитетот и нормалниот живот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Софија Спирова | Црнобело

фото: depositphotos.com, freepik.com



Би можело да ве интересира:

Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот „Иако убавината може да понуди предности, потпирањето само на изгледот е ретко о...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар: „Магија за имунитет нема – не давајте антибиотик сами и не трч... „Здраво дете може да биде болно 7-8 пати годишно. Нормално е тоа, важно е да не ...
Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични бли... „Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во ...
Марта Гусар, адвокат: „Не е неопходен развод за жртвите на семејно насилство да побараат заштита“ „Доколку жртвата на семејно насилство сака да поведе и постапка за заштита и бра...
Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg