Интервју со ветеринарот Ванчо Јосифоски: „Миленик со дијареа не се носи по 3 дена и лекови не се гуглаат на интернет“

Си лекувал ли риби кои се најчестите болести кои се јавуваат кај нив?

Па, не многу, кај аквариумските риби не можеме којзнае што да правиме, таму делуваме повеќе со совети во однос на температура на вода, квалитет на вода, бројност на риби итн. 

Најчести болести се болести на воздушен меур, паразитски и бактериски болести, како Ichtyophtirius multifiliis-Ich на пример.

Ова е карактеристична болест кај слатководните риби која се карактеризира со појава на бели точки по телото на рибите, инаку во суштина се работи за паразит кој многу брзо се шири.

Pop-eye болееста, односно испупчени очи, која настанува при повреда на окото, и од бактерии и лош квалитет на вода.

Болеста на воздушен меур е проблем кој се јавува поради дисбаланс на гасови во водата.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-10.jpg

Колку често пациенти ти се папагалчиња, кој е нивниот најчест здравствен проблем?

Во последно време често имам птици, како пациенти - особено папагали, највеќе тигрици.

Птиците патат најмногу од промени на температура, односно температурни шокови.

Знаеме дека потекнуваат од многу топли земји, па тука се навикнале кај нас и промени со температурата прави многу проблеми кај нив, како пневмонии и цистит.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-07.jpg

Какви сè животни добиле третман во ординацијата каде што работиш?

Кај нас прегледуваме сè што може да биде миленик, од кучиња и мачки до птици, рептили и глодари.,

Не можам да издвојам некоја ситуација со нив, односно сите се исплашени - некои се спремни да нападнат, некои сакаат да се галат.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-04.jpg

Колку Македонците се одговорни во поглед на здравјето на своите миленици?

Тешко би можел да кажам точно, но во глобала 50-50 е процентот.

Ми пречат некој работи, на пример прво се консултираат со интернет, па со пријатели и на крај сме ние ветеринарите. Ми пречи што милениците со дијареа и повраќање ги носат после 3 ти ден.

Овие состојби бараат брза реакција заради дехидрирање, но како оди времето се поправаме и Македонците стануваат поодговорни во грижата за здравјето на нивните миленици.

intervju-so-veterinarot-vancho-josifoski-milenik-so-dijarea-ne-se-nosi-po-3-dena-i-lekovi-ne-se-guglaat-na-internet-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Психолог м-р Тиана Ивановска, која беше на терен во Кочани: „Прифаќањето на лузните на телото е комп... По колективната траума која ја остави трагедијата во Кочани над сите нас, поразг...
Марта Гусар, адвокат: „Не е неопходен развод за жртвите на семејно насилство да побараат заштита“ „Доколку жртвата на семејно насилство сака да поведе и постапка за заштита и бра...
Кристина од Скопје чува британски кратковлакнест мачор: „Оваа раса е одлична со деца, се продаваат п... „Кога моите близнаци беа мали, спиеше на ќош на кревет за едната шепа да му е во...
Калиопи за CRNOBELO: „Кога создадов свое семејство, сфатив колкава жртва правеле моите родители за м... „Заради мене целото семејство го напушти Кичево и се пресели во Скопје. Тоа се г...
Нора Шаќири 13 години има хашимото: „Три години не можев да забременам, верувам дека болеста е причи... „Стресот по смртта на татко ми си го направи своето. Живеев серизно тешки денови...
Македонец кој живее со ХИВ, стана татко на ХИВ негативно бебе: „Моите стравови беа поголеми од оние ... „Кога ѝ кажав на сопругата дека сум ХИВ позитивен, нашата љубов уште повеќе се з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg