Љиља oд Скопје е академски сликар, тату артист, фотограф - заштитен знак ѝ се тетоважите

„’Од накит носеше тетоважи’ би рекла за себе, тоа е и една од најавтентичните работи по коишто сум препознатлива. Имам 15-тина тетоважи, а омилена ми е портретот на Ријана“, вели Љиља Прентовиќ (26) од Скопје за CRNOBELO.com.

ljilja-od-skopje-e-akademski-slikar-tatu-artist-fotograf-zashtiten-znak-i-se-tetovazhite-01.jpg

Љиља Прентовиќ (26), препознатлива по уметничкото име Електра, завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што и продолжила со магистерски студии.

Таа е академски сликар, тату артист и фотограф.

„На некој начин сметам дека секој уметник во себе го носи ова тројство од професии“, вели таа.

За CRNOBELO.com Љиља споделува:

„Уметноста секогаш би ја одбрала, во мене живее креативност што секојдневно морам да ја искажам.

ljilja-od-skopje-e-akademski-slikar-tatu-artist-fotograf-zashtiten-znak-i-se-tetovazhite-02.jpegфото: Александар Миндев

Дел од мене и стил кој го одбрав е експресионизмот. Ништо посреќна не ме прави од тоа.

ljilja-od-skopje-e-akademski-slikar-tatu-artist-fotograf-zashtiten-znak-i-se-tetovazhite-05.jpeg

Мојата мајка за мене вели: „Прво почна да црташ, па да пишуваш“.

ljilja-od-skopje-e-akademski-slikar-tatu-artist-fotograf-zashtiten-znak-i-se-tetovazhite-09.jpeg

Фотографијата е мојата втора љубов. Експресионизмот беше најблизу што можев да се искажам на платно со што фотографиите ги спојував и правев нешто нереално, па сè што не можев преку фотка, го сликав како што и го замислував.

ljilja-od-skopje-e-akademski-slikar-tatu-artist-fotograf-zashtiten-znak-i-se-tetovazhite-11.jpeg

Најчесто од сон ми извираат идеи, си велам „Љиља, стани запиши, ќе ти биде криво што до утре ќе го заборавиш“.

ljilja-od-skopje-e-akademski-slikar-tatu-artist-fotograf-zashtiten-znak-i-se-tetovazhite-31.jpgфото: Александар Миндев

Обожавам кога патувам на места каде што има колоритност, јас би рекла „живост“ на некој начин.

ljilja-od-skopje-e-akademski-slikar-tatu-artist-fotograf-zashtiten-znak-i-se-tetovazhite-10.jpeg

Сакам да си пуштам музика, тивка, и да фотографирам шетајќи на некое место. На уметничка душа и треба помалку слух, а повеќе вид. Мирот и креативноста ќе си го направат своето.

ljilja-od-skopje-e-akademski-slikar-tatu-artist-fotograf-zashtiten-znak-i-se-tetovazhite-13.jpeg

Емоција, тага, среќа, портретни фотографии и архитектура се момент што сакам да го фатам со мојот апарат.

ljilja-od-skopje-e-akademski-slikar-tatu-artist-fotograf-zashtiten-znak-i-se-tetovazhite-19.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот „Иако убавината може да понуди предности, потпирањето само на изгледот е ретко о...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg