Љиља oд Скопје е академски сликар, тату артист, фотограф - заштитен знак ѝ се тетоважите
Околу модата, сакам да ставам некој детаљ на мене што е специфичен. Понекогаш „шашаво“, но на свој начин, ќе го понесам.
„Од накит носеше тетоважи“ би рекла за себе, тоа е и една од најавтентичните работи по кои што сум препознатлива.
Имав 15 години кога љубовта кон тетовирањето се роди во мене. Првата тетоважа ја направив на себе, минималистичка буква „Л” извртена и од другата страна се гледа „98“. Дете (ха-ха).
Имам 15-тина тетоважи, а омилена ми е портретот на Ријана.
Не тетовирам често, повеќе се посветив на сликарството и фотографијата. Но, убаво е да се знае.
Ја сакам природата и животните, тие ми се секојдневна инспирација за уживање.
Зад мојот душевен мир стои мојот мачор „Виски” кој што ми е модел, морална поддршка и верен другар.
Мојата хиперактивност и сите обврски во текот на денот некогаш се и пречка за инспирацијата, но гледам да најдам време и за творење.