Ана Најдовска за породувањето во Норвешка: „Царскиот рез не е опција и мажите земаат ‘татковско отсуство’ од работа“
По породувањето, доколку се поминало успешно и без компликации, ве преместуваат во хотел, кој е поврзан со болницата.
Во самиот хотел имате нега, грижа и посета од бабиците, достапни 24/7.
Таткото или некој друг од семејството може да остане во хотелскиот апартман со мајката и бебето, кое морам да напоменам дека веднаш по породувањето ви го оставаат до вас 24/7.
Тука, во Осло, имаат специјален оддел на клиниката со искусни акушерки, каде што секој апартман има џакузи и доколку сè е во ред со самиот процес на породување, ја имате можноста да побарате и да се породите во вода.
Од тоа што го имам слушнато е дека контракциите во вода се помалку болни, повеќе сте опуштени и подвижни.
Услови по породување во Норвешка
Сега, ќе наведам дел од придобивките да сте бремена жена и да родите дете во Норвешка...
Бесплатна здравствена грижа во текот на целата бременост, со редовни прегледи кај високо обучени акушери и специјалисти. Самиот чин на породување и престој во болницата е бесплатен.
Норвешка исплаќа највисока еднократна парична помош за невработени бремени жени (приближно 8.000 евра).
Тоа е всушност и најдарежливата еднократна помош за породување во Европа.
Породилното отсуство, исто така, е доста дарежливо. Родителите во Норвешка добиваат 49 недели отсуство со 100% плата. Татковците исто така добиваат татковско отсуство.
Доколку се вработени мајката и таткото се договараат да земат породилно заедно. Мајката од породување до 6 месеци, таткото од 6 до 12 месеци. Па, така после 6 месеци мајката се враќа на работа, а таткото го чува бебето.
Болница во Норвешка