Ана Атанасиа од Неготино, шминкерка во Дубаи и Абу Даби: „Арапка ми прати хеликоптер, шминкав и принцеза“
Што ти се допаѓа, а што те нервира од животот во Дубаи?
Она што најмногу го сакам во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е што е многу безбедно.
За жена која живее сама, тоа е супер безбедно, добивате привилегии насекаде само затоа што сте жена, а третманот кон жените е на еден поинакво ниво.
Од трговските центри, не ви дозволуваат самите да ги пакувате вашите купувачки торби и ги носат до вашето возило, до редовите за чекање во банките.
Ми се допаѓа професионализмот што се гледа во секој сегмент, брзиот раст на градовите и можностите за бизнис и кариера.
Она што најмногу го мразам е што лесно може да се вовлечеш во тој круг на работа, брзи пари и можности, и да го изгубиш чувството за вистинските вредности и реалноста.
Ти се додворувал ли некогаш некој шеик? Каков животен стил водат они, кај се движат?
Не би можела да кажам дали ми се додворувал некој шеик од таму поради тоа што Арапите не се мој тип на мажи.
Генерално, тие живеат многу раскошни животи, но се многу скромни и мирољубиви.
Можат да се сретнат во ресторани, возат свои автомобили, посетуваат трговски центри и салони за убавина како обични луѓе. Тие се обожавани и восхитувани од нивниот народ и од странците кои живеат во ОАЕ.
Што си посакуваш на поле кариера во Дубаи и Абу Даби во наредните години?
Како што веќе споменав, моментално нудам консултантски услуги за бизнис и маркетинг за многу салони за убавина и естетски клиники во Дубаи и Абу Даби.
Во иднина, би сакала да имам можност да ги споделам моите знаења и професионални вештини со сопствениците на салони и сите девојки во светот кои сакаат да растат и да го подобрат својот бизнис во индустријата за убавина.
Не сакам да откријам многу, но работите се во процес и многу наскоро девојки и сопственици на бизниси од целиот свет ќе имаат можност да добијат професионална едукација и да учат од моето искуство. Сакам да бидам личноста и водичот што ми беше потребен кога започнував.
Фотографии од нејзината работа:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело