Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил
Не можам да се пофалам со голема колекција од сите горенаведени аксесоари, но сепак знам да го искористам и искомбинирам квалитетно сето она што го имам во мојот гардеробер.
Сепак, ќе го издвојам златниот часовник кој ми е најомилен, бидејќи ми е подарок од син ми.
Бидејќи сум многу активен и постојано во движење (тука спаѓаат работните обврски, дружењето со драги пријатели по скопските кафулиња, работни состаноци и вечерни излегувања по ресторани, но и посета на културните збиднувања во нашиот град), а знаете колку е динамичен животот, се трудам за што е можно пократок временски период да се подготвам и излезам, секако веќе со претходно подготвен план за комбинацијата, која ќе ја облечам.
Според кажувањата на моите пријатели и блиски луѓе, најпрепознатлив момент кај мене е фризурата со „кремчето“, како тие го нарекуваат.
Јас сум задоволен во моментот, но тоа не значи дека во блиска иднина нема да експериментирам и изненадам со некое ново „кремче“.
Јас сум од постарата генерација и за мене е многу значајно да се однесувам кавалерски, на крајот од краиштата, сепак сум воспитуван во тој дух.
Начинот на однесувањето треба да кореспондира и со стилот на облекување и на тој начин се креира личен идентитет, кој е својствен само за вас.
Манирите сметам дека се поврзани со домашното воспитание. Сметам дека сè што носиме во себе е стекнато и научено од дома и тоа го презентираме во јавноста и имплементираме во меѓусебна кохабитација.
Интеракцијата помеѓу нас и тоа како зависи од она што нè научиле нашите родители.
Има подобрување во однос на манирите кај помладите луѓе и најмногу ме радува тоа што постојано ми пишуваат на социјалните мрежи, барајќи совети како да го изградат својот стил и како да ги креираат модните комбинации.