Д-р Радица Бојчева, гинеколог: „Најчести инфекции се ХПВ и хламидија, не секој тип на рак е наследен“

„Девојчињата коишто не се сексуално активни посетуваат гинеколог после 12 односно 13 година, најчесто заради обилни менструални крвавења. Кај девојките и жените кои се сексуално активни првиот гинеколошки преглед треба да се направи најрано 6 месеци, а најдоцна 1 година од започнување на сексуална активност – вели во интервју за CRNOBELO.com, д-р Радица Бојчева, гинеколог.

d-r-radica-bojcheva-ginekolog-najchesto-se-srekjavam-so-infekcii-so-hpv-i-hlamidija-na-ginekoloshki-pregledi-odat-i-12-godishni-devojchinja-01.jpg

Доктор Радица Бојчева од Скопје, веќе 20 години работи како гинеколог.

По завршувањето на образованието и специјализацијата, своето работно искуство го започнала како лекар во тогашната Воена болница во Скопје, а од 2016-та година па наваму има своја ординација, каде што секојдневно помага на голем број пациентки.

Со неа разговаравме за потребата од редовните гинеколошки прегледи, за тоа што вклучуваат тие, но и за тоа колку Македонките имаат навика да посетуваат гинеколог.

Дали секој наод што е позитивен на ХПВ вирусот значи развој на рак на грлото на матката и во колкава мера новите вакцини можат да помогнат да се спречи ширењето на овој вирус?

Ова се некои од прашањата на кои за читателите на CRNOBELO.com одговори докторката.

d-r-radica-bojcheva-ginekolog-najchesto-se-srekjavam-so-infekcii-so-hpv-i-hlamidija-na-ginekoloshki-pregledi-odat-i-12-godishni-devojchinja-02.jpg

Во продолжение проследете го интервјуто во целост:

Колку често треба да се прават гинеколошки прегледи и што вообичаено вклучуваат овие контроли?

Гинеколошките прегледи треба да се прават барем најмалку еднаш годишно доколку пациентките редовно си се контролираат и немаат актуелни тегоби.

Еден гинеколошки преглед вклучува, преглед на гинеколошки стол, земање на брис за ПАП тест, земање микробиолошки брисови, бимануелен вагинален преглед и ултразвучен преглед.

Се придржуваат ли Македонките до правилото да доаѓаат на шестмесечни или годишни гинеколошки прегледи или најчесто тоа го прават дури откако ќе ги забележат првите симптоми што укажуваат на посериозни проблеми со здравјето или на бременост?

Според мојата долгогодишна пракса, можам да кажам дека околу 70% од Македонките редовно се јавуваат на гинеколошки преглед и се грижат за своето гинеколошко здравје, додека околу 30% од нив поретко се јавуваат на редовни гинеколошки прегледи, освен кога ќе забележат некоја промена која ќе ги натера да посетат гинеколог.

И според ова, мое мислење е дека Македонките имаат развиена свест за редовни гинеколошки прегледи, но сметам дека има простор да се работи на зголемување на свесноста кај македонските жени за редовни посети кај гинеколог.

d-r-radica-bojcheva-ginekolog-najchesto-se-srekjavam-so-infekcii-so-hpv-i-hlamidija-na-ginekoloshki-pregledi-odat-i-12-godishni-devojchinja-04.jpg

Колку често се случува жените сами да се лекуваат дома или да си препишуваат лекови и какви последици тоа може да има врз здравјетo? Сте се соочиле ли некогаш со таков пример?

Постојат поединечни случаи коишто на своја рака се обидуваат преку своите блиски или социјалните мрежи да побараат помош или лек за одреден проблем, но многу често одговорот на нивните прашања е да си посетат гинеколог.

Лекувањето на своја рака најчесто не дава резултат.

Но, понекогаш пациентките обидувајќи се да се лекуваат дома сами, можат да си го влошат постоечкиот проблем и евентуално да си создадат нов.

Јас лично во мојата пракса се немам соочено со пациентки кои се лекуваат сами дома, бидејќи најчесто сум достапна за нив, да одговорам на нивните потреби, но понекогаш се случува пред да се консултираат со мене да започнале третман на своја рака, пример со чаеви, некој крем и слично, коишто не можат сериозно да го нарушат нивното здравје.

На која возраст девојчињата треба да го направат првиот гинеколошки преглед и неопходно ли е претходно да биле сексуално активни?

Според литературата нема одредена конкретна возраст на која девојчињата би требало да посетат гинеколог.

Најчесто девојчињата коишто не се сексуално активни посетуваат гинеколог после 12 односно 13 година, најчесто заради обилни менструални крвавења, т.н. јувенилна метрорагија која ги плаши и родителите и девојчињата.

Инаку кај девојките и жените кои се сексуално активни првиот гинеколошки преглед треба да се направи најрано 6 месеци, а најдоцна 1 година од започнување на сексуална активност.

d-r-radica-bojcheva-ginekolog-najchesto-se-srekjavam-so-infekcii-so-hpv-i-hlamidija-na-ginekoloshki-pregledi-odat-i-12-godishni-devojchinja-07.jpg

Колку често се случува кај жените што ќе дојдат на преглед да не се ниту свесни дека имаат некоја полово пренослива болест? Која е најчестата полово пренослива болест со којашто се среќавате?

Многу од пациентките не се свесни за постоењето на сексуално пренослива болест, бидејќи повеќето од нив не даваат некои посериозни гинеколошки симптоми, освен зголемен вагинален исцедок кој поминува за неколку дена или после менструален циклус и пациентките не обрнуваат внимание на тој момент.

Заради тоа тие се откриваат случајно со земање на брис за ХПВ типизација за откривање на ХПВ вирусот, микробиолошки брисови кои се засејуваат на специјални микробиолошки подлоги или се откриваат со PCR метода која е пософистицирана бидејќи ја открива ДНК на евентуално присутната бактерија.

Најчеста сексуално пренослива инфекција со која се соочувам во тек на мојата работа е инфекцијата со хуман папилома вирусот, инфекција со хламидија и поретко уреаплазма.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg