Елиф Елмас ексклузивно за CRNOBELO: „Пред првиот натпревар за репрезентација ми потекоа солзи радосници“

А кога се расправаш, на кој јазик ти е најлесно да се „искараш“?

Леле неее, не се карам. Многу ретко. Многу треба за некој да ме изнервира за да се искарам. Јас сум многу смирен.

Дали ти беше тешко да ја напуштиш Италија?

Знаеш како... сè зависи од тоа што сакаш во кариерата. Јас сум фокусиран на кариерата и секогаш гледам што е најдобро за мене.

Секако дека ми беше тешко, бидејќи 5 години поминати таму не се малку.

Се навикнав на менталитетот на луѓето, го знаев јазикот, знаев како работат во клубот, но кога ти е во преден план кариерата, нормално дека мора да мислиш на себе и на своите планови, така што, од тој аспект, не ми беше тешко да ја напуштам Италија.

Не е крај на светот, посебно што гледам да ја направам мојата кариера што подобра.

elif-elmas-za-crnobelo-pred-prviot-natprevar-za-reprezentacija-mi-potekoa-solzi-radosnici-15.jpg

Од друга страна навивачите на Napoli не престануваат да ти оставаат коментари дека сакаат да се вратиш и дека Неапол секогаш ќе биде твој дом...

Искрено, моето заминување беше многу неочекувано за сите, бидејќи плановите за кариерата пред шест месеци беа скроз различни, и на клубот и моите.

Но, тоа се моменти. Сè треба да се поклопи за да продолжи таа соработка.

Трансферот во Leipzig се случи одеднаш, а јас го одбрав тоа што мене ми одговараше и мислам дека таа одлука беше најправилна во моментот.

Од Napoli ми нудеа нов договор, да ја продолжиме соработката уште 5 години, но едноставно така требаше да биде, веќе не гледав иднина таму.

Имаш настапувано и во Турција, Италија, сега еве и Германија... Каде се навивачите најжестоки, најгласни? Каде е најубава атмосферата на стадион?

Никаде нема споредба со турската лига, особено дерби натпреварите кога играат Fenerbahce, Galatasaray, Beshiktash. Тоа е неверојатна атмосфера.

Иако имам играно на многу стадиони досега, немам видено друг да направи таква атмосфера како турските навивачи.

Немам почувствувано никаде поинтересна атмосфера, толку посебна. Затоа за мене број 1 секогаш ќе остане Турција.

elif-elmas-za-crnobelo-pred-prviot-natprevar-za-reprezentacija-mi-potekoa-solzi-radosnici-23.jpg

Ти си меѓу милениците на македонската публика. Какво е чувството кога си на терен со репрезентацијата и слушаш како ти го извикуваат името?

Мене некогаш ми е чудно, дури и ми паѓа глупо затоа што ова не е спорт на само еден човек, ова е тимски спорт.

Па, кога се постигнува успех, тоа е успех на тимот, неуспехот е неуспех на тимот.

Но, среќен сум што понекогаш се случува такво нешто и чест ми е што ми го извикуваат името во државата каде што сум роден, тоа ме прави посебно горд.

Ама, пак ќе кажам, за мене е секогаш на прво место репрезентацијата на Македонија како тим, а не јас како поединец. Битно ми е Македонија да напредува, без оглед кој од нас ќе дава голови.

Кој од момците во репрезентација ти е најдобар пријател? 

Не сум пребирлив тип, искрено, сите тука се мои пријатели, јас сум скоро 8 години во репрезентацијата.

Секогаш прво гледам да сум со сите добар на професионално ниво, а потоа пријателски. Се трудам да помогнам колку што можам, или ако сакаат да ми помогнат, секогаш се добредојдени.

Посебно сакам да им помогнам на младите, да ги упатам, да знаат што ќе ги очекува како репрезентативци за да се вклопат полесно.

Секако, јас не сум тој што треба да им кажува што треба да прават во однос на играта, тука се селекторот, капитенот, луѓето од репрезентацијата, но отворен сум ако дојдат и побараат помош, да им кажам што е правилно, а што би можеле да сменат.

elif-elmas-za-crnobelo-pred-prviot-natprevar-za-reprezentacija-mi-potekoa-solzi-radosnici-22.jpg

Ги спомна младите фудбалери. Се сеќаваш ли на првата средба со репрезентативците? Ти делуваше ли страшно?

Не страшно, но беше многу интересно. Само што наполнив 17 години кога почнав да играм за репрезентацијата.

Првиот ден кога дојдов во хотел веќе беше после полноќ, па од рецепција ме пратија во соба кај Џани Алиоски, ми кажаа дека тој ќе ми биде цимер. Ми дадоа картичка од собата и јас се качив, ама не влегов, туку чукнав на вратата.

Џани веќе си бил легнат, па ми ја отвори вратата поспан. „Кој си бе ти?“ - ме праша. „За репрезентација сум викнат, ми рекоа да дојдам во оваа соба“, му одговорив.

Ништо не ми рече, само ми ја тресна вратата во фаца.

Останав така, па се симнав долу и таму го најдов Боки, кој тогаш ни беше тим менаџер, па се качивме заедно.

Е тогаш Алиоски ме прими да влезам во собата. Тоа ми беше првото искуство.

elif-elmas-za-crnobelo-pred-prviot-natprevar-za-reprezentacija-mi-potekoa-solzi-radosnici-03.jpg

Следниот ден, кога се симнав од собата долу, таму беа постарите репрезентативци, па се поздравив со сите.

На масата кај што седеа немаше место, па седнав на едно ќоше. Сите ме зафркаваа, ми се смееја, зашто уште од мал имав таков карактер, немав страв од ништо.

Тогаш требаше да играме со Шпанија, па постарите ми викаа: „Сега ќе те стави селекторот да играш и ќе трчаш како куче позади играчите“.

Сите во шпанската репрезентација беа големи имиња, играчишта како Иниеста, Бускетс, Давид Силва.

Јас им реков: „Нема да трчам, и тие се луѓе од кожа и месо како мене, имаат две раце, две нозе и една глава, немаат ништо повеќе што ги прави посебни. Да, тие се посилни играчи, и секоја чест за тоа, но теренот е мерило“.

Сите ми викаа: „Ти дете да не си улаво? Да не си болно во главата?“, ама им одговарав дека кога ќе се најдеме на терен ќе видиме кој, што и колку може. Така некако ми помина првиот ден.

Кога излегов од автобус пред натпреварот со Шпанија, кога ги видов Пике, Серхио Рамос, Бускетс, бев шокиран, ми потекоа солзи.

Во тоа време играв во „Работнички“, бев дете. Играв со „нив“ на Play Station претходно, и ми беше чудно што ги гледам пред себе. Бев пресреќен, тоа беа солзи радосници.

Инаку, играв 45 минути на тој натпревар. Кога заврши утакмицата, ми дојде Нестороски, кој најмногу ми викаше дека сум „улаво дете“ и ми подаде рака.

Секоја чест бате, сè што кажа, така направи. Тие трчаа по тебе“, ми рече Нестор.

elif-elmas-za-crnobelo-pred-prviot-natprevar-za-reprezentacija-mi-potekoa-solzi-radosnici-26.jpg

Како изгледаат вашите дружења кога сте на подготовки во Скопје?

Како што виде, седиме, пиеме кафе, разговараме. Некогаш знаеме да изиграме и некоја игрица, зашто сме затворени во хотел, па знае да биде досадно.

Некогаш ќе дојдат нашите да нè посетат. Но тоа е сè. Сите се дружиме, океј сме еден со друг.

Кој е најзабавен, кој се смее најмногу, кој се лути најмногу...?

Сите во репрезентацијата се добри дечки, но ако мора да одвојам некој најзабавен, тоа е Џани Алиоски.

elif-elmas-za-crnobelo-pred-prviot-natprevar-za-reprezentacija-mi-potekoa-solzi-radosnici-06.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg